[ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТИ] Изработка на комуникациска стратерија

ВОВЕД

Здружението LEAD во периодот од 01.06.2019 до 31.12.2019 година ќе го спроведе проектот ПОДОБРУВАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОТЧЕТНОСТА, ПРЕКУ КОМУНИКАЦИСКИ ПРИСТАПИ И МЕХАНИЗМИ кој има за цел да ја зајакне  транспарентноста и отчетноста на организацијата, преку зголемување на видливоста и воспоставување функционални и ефикасни алатки и канали за комуникација со јавноста. Проектот е финансиски поддржан од програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање за граѓански организации“, а се спроведува од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).

ЦЕЛ НА ПОВИКОТ

Целта на овој повик е да се избере комуникациски експерт или компанија која нуди комуникациски услуги, задолжен/а за изработка на Комуникациската стратегија на Здружението LEAD како алатка за подобра комуникација со јавноста и зголемување на транспарентноста и отчетноста на организацијата.

Задолженијата за комуникацискиот експерт се следни:

  1. Да се координира во однос на својата работа со Проектниот координатор;
  2. Да одржи 4 менторски средби (во времетраење од 2 часа) со персоналот во Извршната канцеларија на здружението;
  3. Да изработи комуникациска стратегија и пропратни документи за истата;
  4. Да спроведе дводневна обука за комуницирање и односи со јавност со персоналот на Извршната канцеларија на здружението;
  5. Дизајн на брошура и билтен која ќе произлезе од самата комуникациска стратегија.

КВАЛИФИКАЦИИ И КОМПЕТЕНЦИИ

  • Минимум едногодишно искуство со докажано портфолио во работа со медиуми, комуникации и соработка со граѓански организации
  • Способност да продуцира комплексни комуникациски продукти и шаблони за потребите на организацијата
  • Говорење на англиски јазик
  • Одлични вештини за тимска работа и флексибилност

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ

Избраниот експерт ќе биде ангажиран од 10.06.2019 година до 20.08.2019 година

Индикативната временска рамка на активностите е следна:

Активност Рок за реализација
Прва менторска средба 17-21 јуни
Втора менторска средба 24-28 јуни
Трета менторска средба 01-05 јули
Четврта менторска средба 08-12 јули
Подготовка на прв драфт од комуникациската стратегија До 27 јули
Подготовка на финална комуникациска стратегија 05 август
Реализирање на дво-двевна обука 12-16 август

Деталната временска рамка ќе биде одредена на првата работна средба со избраниот експерт.

ПРОЦЕС НА АПЛИЦИРАЊЕ

Заинтересираните кандидати потребно е да ги испратат своите понуди за овој повик најдоцна до 13.06.2019 година (23:59) на info@lead.org.mk.

Понудите треба да содржат

  1. CV од експертот, односно портфолио на компанијата;
  2. Една (1) препорака од претходен клиент/организација
  3. Кратка содржина и методологија за работа не повеќе од 2 страни
  4. Финансиска понуда

СЕЛЕКЦИЈА

Пристигнатите апликации ќе бидат селектирани на база на следните критериуми:

  Критериум Максимум бодови
1 Претходно искуство во областа вкучувајќи и работа со граѓански организации и развој на комуникациски стратегии 30
2 Предложена содржина и методологија за работа 40
3 Финансиска понуда 30