[ПОВИК] Обуки за животни вештини

Си завршил/а средно или имаш „тазе” диплома од факс? Кои животни вештини ги имаш стекнато преку твоето образование?

Знаеш ли што е личен развој и како да инвестираш во себе?
Како и каде да бараш работа, како да подготовиш CV и како да се подготвиш за интервју?
Како да го победиш стравот од презентирање и да стекнеш вештини за комуницирање?

LEAD ти нуди да се приклучиш на првиот циклус три дневни обуки за стекнување на животни вештини. Обуките ќе се одржат од 28-30 јуни во Скопје. 

Заинтерисан/а си да се пријавиш? Што всушност ќе стекнеш?
  • Вештина за стекнување вештини

За да стекнеш некоја вештини во животот треба да бидеш отворен за учење. Оваа програма ќе те научи како да стекнуваш вештини во текот на твојот живот

  • Вештини кои ќе те направат повработлив/а

CV немаш или го правиш набрзина, а мотивациското го „крадеш” од интернет зошто не знаеш како да го направиш? На интервју за работа не си бил или не знаеш како да се подготвиш?

Програмата ќе те подготви во секој момент да бидеш спремен за да аплицираш за работа.

  • Вештини да комуницираш и презентираш јасно и прецизно

Програмата ќе ти овозможи да ја подобриш комуникацијата од професионален и личен аспект. Да бидеш подобар презентер и говорник во јавност.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавување се врши со едноставно пополнување на апликациската форма. Рокот за пријавување е 23 јуни.

Обуките се наменети за млади на возраст од 15 до 29 години.

Циклусот на обуки чини 300 денари, или 100 денари од ден. Во цената се вклучени кафе и освежување како и работните материјали.

По доставената пријава, тимот на LEAD ќе ве иконтактира и ќе ви ги испрати податоците за подмирување на уплатата.

ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ

Доколку на крајот циклусот на обуки не сте задоволни од програмата ви го враќаме целиот износ за уплатата под услов да сте биле присутни на обуките, целокупното време.

Сите учесници ќе добијат сертификати за присуство на обуката.