Повик за финансиска понуда за изнајмување простор за одржување на конференција

Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, во рамки на проектот “Одржливост преку алтернативни начини на финансирање” реализиран од Фондација Метаморфозис и финансиски поддржан од Британската амбасада во Скопје, организира еднодневна конференција, која ќе се одржи на 11.03.2017 година.

За таа цел, отвараме повик за финансиска понуда за изнајмување на простор за одржување на конференцијата.

Понудата треба да опфаќа:

  • Користење на сала, со капацитет од најмалку 200 лица.
  • Користење на дополнителни три засебни простории, со капацитет од најмалку 30 лица.
  • Можност за обезбедување на кафе пауза и кетеринг услуги

Се замолуваат сите заинтересирани, да достават финансиска понуда, најдоцна до 25.02.2017, на следнава е-маил адреса: info@lead.org.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *