[Повик за учество] Инкубатор за млдинско организирање

Screenshot_1

,,Инкубатор за младинско организирање

О Т В О Р Е Н   П О В И К

Здружението Лидери за едукација, активизам и развој – ЛЕАД од Скопје, со задоволство го објавува овој отворен повик за учество во проектот ,,Инкубатор за младинско организирање”, кој ќе се спроведува во општините Радовиш и Пробиштип. Преку овој отворен повик ЛЕАД ќе избере по 10 млади од двете општини кои ќе учествуваат во проектот.

Дали е повикот отворен и за тебе?

Секако, можност за учество во проектот ќе имаш доколку:

  • сакаш да живееш во здрава и пријатна средина;
  • мислиш дека луѓето треба да работат заедно за подобра иднина;
  • сметаш дека младите се способни да понудат решенија за одредени проблеми;
  • живееш на територијата на општините Радовиш и Пробиштип;
  • си на возраст од 15 до 29 години;
  • имаш желби и идеи кои би сакал да ги оствариш;
  • подготвен си да учествуваш во активностите од проектот;

Што нуди проектот и што добиваш ти?

Активностите кои ќе се реализираат од страна на тимот на ЛЕАД, обучени тренери и ментори, имаат за цел да те поттикнат и подготват активно да учествуваш во развојот на твојата околина. Ние искрено веруваме дека младите имаат капацитет да придонесат во своите локални средини и во соработка со возрасните, заедно изградат здраво и модерно општество.
Преку тренинг-модули и локални иницијативи, проектот ќе здружи по 10 млади луѓе од општините Радовиш и Пробиштип во две иницијативни групи во секоја од општините, кои во периодот од февруари до јуни ќе се развиваат во ,,инкубаторот”.

На крајот од проектот, се очекува да се создадатдве групи на млади луѓе, кои ќе го сменат секојдневното живеење во овие општини, а ТИ имаш можност да бидеш дел од тоа!

Сите активности се финансирани од Европската Унија преку проектот ,,ИПА2 Механизам за граѓанските организации” спроведен од ЕВРОТИНК, Еко-Свест, Реактор и Зенит.

Проектот ќе се спроведува со поддршка и во соработка со општините Радовиш и Пробиштип.

Повикот е отворен до 23:59ч, на 15.02.2018г., а сите заинтересирани можат да се пријават на истиот преку пополнување на апликацијата на следниот линк.

За било какви прашања и информации стоиме на располагање на info@lead.org.mk и на 070 439 879

Овој документ е продуциран со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на овој документ целосно е одговорен авторот и во никој случај не ги рефлектира ставовите на Европската Унија.