Зајакнување на капацитетите на наставниците за методи на младинска работа и неформално образование

LEAD во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер започна со зајакнување на капацитетите на наставници кои се задолжени за работа со Училишните заедници во средните училишта во Македонија.

Целта е да се поттикнат наставниците да користат методи на младинска работа и методи на неформално образование при работа со учениците.

Потребата од овој проект беше идентификувана од самите наставници за време на промоцијата на истражувањето „Учество на средношколците во донесување на одлуки во училиштата“ во ноември 2017 година.

Предвидено е во текот на 2018 година да се опфатат над 50 средни училишта во земјата.