[Вклучи се за промена!] Повик за ментори

Во рамки на проектот „Вклучи се за промена!“ отвораме повик за ментори кои ќе нудат помош и поддршка на тимови составени од ученици од средните училишта од Скопје, кои ќе спроведат иницијатива за општествена промена, користејќи ги знаењата и вештините стекнати во образовниот процес (Service Learning Initiative).

За кого е наменет повикот?

Повикот е наменет за младински работници кои:

  • Се на возраст од 18 до 30 години
  • Имаат најмалку едногодишно искуство во менторирање на индивидуи и групи
  • Имаат најмалку едногодишно искуство во спроведување на иницијативи или проекти за придонес кон заедницата.
  • Во период од четири месеци можат да се посветат на менторирање на тим од срендошколци во имеплементирање на иницијатива.

Кои се задолженијата на менторите?

  • Да учествуваат на тренинг за менторство кој ќе се спроведе во рамки на проектот
  • Да нудат помош и поддршка на еден средношколски тим во имплементација на иницијатива во период од 4 месеца

Како можете да аплицирате?

  • Најпрво пополнете го формуларот за аплицирање кој можете да го најдете на следниов линк
  • Потоа, испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) на info@lead.org.mk

Вашите апликации можете да ги доставите најдоцна до 31.01.2019, 23:59 часот.

Во процесот на селекција, подобните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Изборот на 3 ментори кои ќе учествуваат во проектот ќе биде направен од проектниот тим.

Избраните ментори, по спроведениот ангажман, ќе добијат паричен надомест за својата работа.

Што претставува концептот на учење преку придонес кон заедницата (Service Learning)?

Концептот на учење преку придонес кон заедницата (Service Learning) е засновано на искуствено учење, односно учење преку работа. Овој концепт се темели на две основи:

1) Целта на овој концепт е да им се даде можност на учениците да учат во процес во кој главна мотивација е придонес кон заедницата;

2) Учењето се одвива на два начина – учениците учат во текот на спроведување на активностите и учење преку рефлекција на она што се случувало за време на активностите и од самите резултати кои ги постигнале;

3) Подразбира соработка помеѓу учениците и наставниците во сите фази, односно во планирањето на иницијативата, во спроведувањето на иницијативата и во процесот на рефлекција на наученото.

Проектот „Вклучи се за промена!“ се спроведува од страна на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) со поддршка од Агенцијата за млади и спорт на Македонија.