Што е LEAD?

LEAD е невладина, доброволна, независна асоцијација на граѓани чија цел е е да ги детектира и да дава одговор на состојбите и потребите на младите во општеството, преку креирање институционални промени, граѓанска едукација, поттикнување на граѓански активизам и нудење простор за личен и социјален развој.

Целите на LEAD  се:

  • Промовирање и практикување на неформалното образование
  • Креирање на програми за работа со млади
  • Изработување на истражувања кои детектираат актуелни потреби
  • Креирање на програми за општествена одговорност
  • Вклучување на млади во процеси на донесување на одлуки
  • Изработка на модели за институционално зајакнување
  • Промовирање на соработка помеѓу граѓани од различни етнички групи
  • Поттикнување на личен, професионален и економски развој кај млади и возрасни
  • Промоција и практикување на социјалното претприемништво како алатка за одржлив развој
  • Поттикнување на размена на искуства помеѓу млади и возрасни