Зајакнување на Училишните заедници во Македонија

Проектот „Зајакнување на капацитетите на Училишните заедници во Македонија“ е имплементиран од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, заедно со Фондација Конрад Аденауер и е прв од ваков вид во Македонија.

postera4-01

Целта на проектот е да се поттикнат учениците самите да развијат функционален и одржлив модел на Училишна заедница предводена од самите нив, која ќе послужи како модел за останатите средни училишта во државата.

Самиот проект е поделен на три фази:

  • Градење на капацитетите на 20 ученици.
  • Стратешко планирање во период од четири дена, каде учениците развиваат сопствен модел на функционирање
  • Консултативни средби со училишните структури

Со проектот досега беа опфатени 5 училишта, и тоа СУГС „Никола Карев“, СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Орце Николов“, СУГГУГС „Здравко Цветковски“ и СУГС „Раде Јовчевски- Корчагин“.

Од целиот процес, покрај зајакнатите капацитети на учесниците, Училишнуте заедница воспоставија јасно дефинирана визија, мисија, стратешки приоритети, цели и акциски план за делување.

Дополнително, учениците креираа нова структура на Училишната заедница и процедури за работа на истата, кои беа воспоставени преку процес на комуникација со училишните структури.

Самиот проект придонесував и за зајакнување на комуникацијата и соработката на учениците со училишните служби.