Истражување за учеството на средношколците од Македонија во процеси на носење одлуки

Здружение Лидери за едукација, активизам и развој Скопје и Фондација Конрад Аденауер во месец октомри започнаа со спроведување на истражување кое има за цел да го измери учеството на средношколците од Македонија во процесите на носење одлуки во рамки на нивните училишта на национално ниво.

Со цел да се истражат мислењата и ставовите на учениците во однос на нивното учество во ваквите процеси, ќе бидат спроведени фокус групи во секој од 8-те статистичките региони, со следниов опфат на средношколци:

  • 50 во Скопскиот регион
  • 10 во Вардарски регион
  • 11 во Источен регион
  • 21 во Југозападен регион
  • 11 во Југоисточен регион
  • 20 во Пелагониски регион
  • 19 во Полошки регион
  • 10 во Североисточен регион

Дополнително, преку анкетни прашалници, ќе бидат испитани и мислењата на професорите и директорите од 20 средни училишта од Македонија, како и на вработените од Министерството за образование и наука.

Анализираните податоци и изведените заклучоци ќе бидат објавени во форма на публикација, на Македонски и Албански јазик и истите ќе бидат дисеминирани до Министерството за образование и наука, средните училишта од Македонија и до граѓанските организации во земјава.