Одржливост преку алтернативни начини на финансирање

Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓанските организации е слабата финансиска одржливст и зависноста од странските донатори преку аплицирање на проекти. Според Централниот регистар на РМ, во 2014 година, дури 68% од финансиите на граѓанските организации дошле од донации и грантови што јасно ја кажува зависноста на граѓанските организации од грантирањето како и нивната финансиска неодржливост.

За надминување на ваквата состојба, Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, во партнерство со Final Frontier Games, а во рамки на проектот на Фондација Метаморфозис „Отчетност преку граѓански ангажман“ поддржан од Британската амбасада во Скопје, започнува со имплементирање на проектот Одржливост преку алтернативни начини на финансирање“.

Главна цел на проектот е да се придонесе кон воспоставување на функционален модел за финансиска одржливост на граѓанските организации во Македонија, преку воведување и развој на „crowdfunding“, како алтернативен метод на финансирање и зголемување на можностите за алтернатини извори на финансирање на граѓанските организации во нашата земја. Преку задоволување на истата граѓанските организации ќе бидат помалку зависни од традиционалните странски донатори и ќе бидат пофокусирани на нудење на квалитетни услуги.

Во рамки на самиот проект ќе бидат спроведени следниве активности:

  • Изготвување на водич (toolkit) за crowdfunding. Водичот ќе содржи информации за важноста од овој начин на финансирање, различните модели на crowfunding, како и успешни примери и конкретни насоки за спроведување на кампања
  • Организација на дводневна конференција со организации од Србија, Црна Гора и Хрватска кои ќе го споделат своето искуство во оваа област
  • Спроведување на две дводневни обуки за 15 претставници од 5 селектирани организации и неформални групи.
  • Спроведување на 5 crowdfunding кампањи од страна на 15 претставници на организации и неформални групи. Избраните 15 претставници, од 5 организации и неформални групи, во период од 3 месеца активно ќе работата на спроведување на нивните кампањи за финансирање на предложените идеи.

Здружение Лидери за едукација, активизам и развој е граѓанска организација која се стреми да постигне состојба каде младите во партнерство со возрасните активно учествуваат во општествените процеси, преземаат лична одговорност за моменталната состојба и преку континуиран личен развој придонесуваат за подобро општество.