[ПОВИК] Учество во процес за спроведување на crowdfunding кампања

Имаш идеја за проект? Мислиш дека конкуренцијата е толку голема, што не се ни обидуваш да го напишеш?

CF2-01Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓанските организации е слабата финансиска одржливост и зависноста од странските донатори преку аплицирање на проекти. Според Централниот регистар на РМ, во 2014 година, дури 68% од финансиите на граѓанските организации дошле од донации и грантови што јасно ја кажува зависноста на граѓанските организации од грантирањето, како и нивната финансиска неодржливост. Во Македонија постојат 5467 граѓански организации, и само 10-ина донатори.

Има и друг начин! Во светот постојат 7 милијарди донатори кои можат да го поддржат твојот проект. Како? Преку групно финансирање (crowdfunding).

Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, за првпат во Македонија објавува повик за 5 граѓански организации или неформални групи да аплицираат со своја идеја за која потоа ќе добијат поддршка преку обука и менторство за нејзино лансирање на една од светските crowdfunding платформи.

Имаш идеја? Аплицирај со пополнување на апликацискиот формулар.

Рокот за аплицирање е 25 февруари 2017 година.

Организациите чии идеи ќе бидат избрани, ќе имаат можност да номинираат 3 члена кои ќе поминат два тренинг модула преку кои ќе изработат свои кампањи и ќе ги постават на една од постоечките crowdfunding платформи.

Дополнително, избраните организации ќе имаат можност да ги претстават своите идеи на првата Crowdfunding конференција во Скопје на 11 март.

Обуките за избраните организации ќе се одржат на 18 и 19 март, како и на 25 и 26 март.

Доколку имате дополнителни прашања ве молиме обратете се на info@lead.org.mk.

Crowdfunding е практика на финансирање на проект или идеја со прибирање на финансиски средства од голем број на луѓе, најчесто преку он-лајн платформи. Crowdfunding е форма на crowdsourcing и алтернативен начин на финансирање на проекти и идеи од различен вид.

Повикот за учество во овој процес е во рамки на проектот „Одржливост преку алнтернативни начини на финасирање“, имплементиран од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, во партнерство со Final Frontier Games, а во рамки на проектот на Фондација Метаморфозис „Отчетност преку граѓански ангажман“ поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Screenshot_2