Прва CROWDFUNDING конференција во Македонија

Имаш идеја за проект? Мислиш дека конкуренцијата е толку голема, што не се ни обидуваш да го напишеш? Има и друг начин! Во светот постојат 7 милијарди донатори кои можат да го поддржат твојот проект. Како? Преку групно финансирање (crowdfunding).

poster_conf-01

На конференцијата ќе имате можност да слушнете излагања на:


Ивана Крстевска, еден од основачите на Final Frontier Games, компанија за креирање на друштвени игри, која во 2016 ја спроведе најуспешната crowdfunding кампања од Македонија.
Лука Пишкорич, основач на Полигон- креативен центар од Словенија. Исто така дел од тимот на иницијативата Slovenia Crowdfunding која го држи рекордот на собрани финансиски средства преку crowdfunding во Словенија.
Марко Греговиќ, основач на Бродото- агенција за социјален импакт, специјализирана за кампањи, дизајн и медија, воедно и организатори на годишната Zagreb Crowdfunding Convention.
Сем Вакнин, економски аналитичар и коментатор, поранешен брокер, инвеститор, банкар и финансиски советник на влади и корпорации низ светот

Вториот дел е наменет за четири едночасовни работилници на темата.
Учесниците на конференцијата ќе имаат можност да дознаат повеќе за концептот на crowdfunding и начините за спроведување на успешни crowdfunding кампањи, преку учество на една од четирите работилници, спроведувани од нашите гости-спикери.

Третиот дел од конференцијата е наменет за претставување на петте идеи за crowdfunding кампањи, избрани на отворен повик.

Целосната агендата можете да ја погледнете на следниот ЛИНК