[ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ] Зајакнување на Училишната заедница на СОУ Кочо Рацин- Велес

Фондација Конрад Аденауер и Здружение Лидери за едукација, активизам и развој започна со реализирање на проект кој има за цел да ја зајакне постоечката Училишна заедница на средното училиште СОУ „Кочо Рацин“ во Велес.

posterA4-01

Проектот ќе биде поделен во три фази:

  • Симулација на функционирањето на Училишната заедница – Дводневна обука која ќе се одржи на 29 и 30 март
  • 4 дневно стратешко планирање каде што учениците ќе можат креираат сопствен модел за функционирање на училишната заедница – На почетокот на месец април
  • Евалуација на сработеното за време на проектот – во текот на месец април и мај

 

 

Присуството на сите обуки е задолжително за избраните ученици. Учениците кои ќе го комплетираат проектот ќе бидат наградени со сертификати за учество.

Ве охрабруваме да се пријавите да бидете дел од проектот со пополнување на апликациската форма која е достапна на следниов линк, најдоцна до 26.03 (недела).

За повеќе информации, слободно обратете се на 078/204 814 – Илија Станковски или на следната mail адреса – info@lead.org.mk

к л