Зајакнување на капацитетите на NALAS за CROWDFUNDING

LEAD во соработка со GIZ во периодот од април до јуни го имплементира проектот за јакнење на капацитетите на NALAS (Network of Associations of Local Authorities of South-East Europe) за имплементирање на Crowdfunding кампањи.

Во рамките на проектот, LEAD изработи прашалник и извештај за моменталниот капацитет на NALAS за Crowdfunding, потоа реализираше дводневна обука на 11 и 12 за запознавање на тимот на NALAS со концептот, но и осмислување на потенцијална идеја која би била лансирана на некоја од светските Crowdfunding платформи.

nalas 2 nalas

Последната фаза од проектот, опфаќа менторски средби со тимот на NALAS кој ќе помогне за поставување на кампањата, подготвување на видео и изработка на план за маркетинг и промоција.