[ПОВИК ЗА ПОНУДУВАЧИ] за изработка на мобилна апликација и веб-страна

ПОЗАДИНА И ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

Средношколците ретко учествуваат во донесувањето на одлуките во нивните училишта. Ова се должи на нискиот степен на одговорност од нивна страна но и на недостаток на методи и алатки од страна на училиштата за вклучување и консултирање на учениците. Според последното истражување на LEAD, направено на национален репрезентативен примерок во ноември и декември, 65% од средношколците во Македонија никогаш не учествувале во работата на училишните тела.

Здружението LEAD од 01.10.2017 до 30.07.2018 ќе започне со спроведување на проектот “My Voice” кој е во соработка со СУГС “Георги Димитров” и е финансиски поддржан во рамки на програмата Youth Engagement Support.

Целта на проектот е да го зголеми учеството на учениците во донесувањето на одлуките преку креирање на првата мобилна апликација и веб-страна за консултирање на училиштето со учениците и обратно.

Креираната мобилна апликација и веб-страна ќе нуди можност за консултација со учениците, известување на учениците, пријавување проблем до училишните служби од страна на учениците, доставување предлози од учениците од раководството на училиштето, закажување на состаноци меѓу учениците и раководството, доставување предлози до Училишната заедница и започнување на петеција од страна на учениците.

За да бидеме сигурни дека мобилната апликација и веб-страна ќе ги задоволи сите потреби на учениците, училишните служби и родителите ќе спроведеме 5 фокус групи со опфат на 100 ученици, 2 фокус групи со 10 професори и 1 фокус група со 10 родители.

Ваквата платформа ќе функционира на начин што секој ученик во училиштето ќе има уникатен профил, доделен од страна на училиштето кои ќе содржи основни информации како име и презиме и клас на ученикот. Ученикот ќе може да го користи својот профил се до завршување на 4та година. Самата платформа ќе биде администрирана од страна на училиштето и LEAD.

ОПСЕГ НА ЗАДАЧИ

Главна задача на извршувачот на услугата ќе биде да креира функционална, лесна за користење и user friendly платформа, во форма на:

  1. Андроид мобилна апликација;
  2. iOS мобилна апликација;
  3. Веб-сајт на Македонски јазик.

Платформата, во форма на мобилна апликација и веб-сајт, треба ги содржи следниве опции:

  • Можност за креирање на уникатен профил на корисниците на мобилната апликација и веб-страната. Профилот би содржел, слика, име и презиме и број на класот на ученикот. Секој ученик во училиштето треба да добие уникатно корисничко име и лозинка за да може да се најави.
  • Да обезбеди сервер и ресурси за хостинг на веб-страна и мобилната апликација
  • Можност за внесување на прашања, прашалници и анкети кои би биле достапни на корисничките профили за коментирање и избирање на опции (гласање)
  • Можност за интеракција помеѓу менаџментот на училиштето и корисничките профили (учениците) во следните форми – Консултирај ги учениците, Извести ги учениците, Пријави проблем до службите, Достави предлог до училиштето, Закажи состанок со раководрството на училиштето, Достави предлог до Училишната заедница, Започни петиција.

Мобилната апликација потребно е да биде поврзана со веб-страницата, така што секој корисник би можел да пристапи до својот профил на еден од овие два начина.

НАПОМЕНА: Предложените опции можно е да подлежат на промени согласно резултатите од спроведените фокус групи со учениците, професорите и родителите.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ

Работни задачи на извршувачот на услугата ќе бидат:

  1. Да присуствува на фокус групите преку кој ќе се дефинираат сите можности кои ќе ги нуди мобилната апликација и веб-страната.
  2. Да развие мобилна апликација која ќе ги нуди дефинираните можности, достапна за платформите Android и iOS, која ќе може да се користи на таблет уред и мобилен телефон.
  3. Да креира најмалку 3 предлог дизајни за мобилната апликација кои ќе нудат лесно користење на платформата.
  4. Да ја воспостави мобилната апликација на Play Store и Apple Store
  5. Да спроведе тест фаза за проверка на функционалноста на апликациајта во училиштето „Георги Димитров“.
  6. Да развие веб-страна која ќе ги нуди истите опции како и мобилната апликација и ќе биде поврзан со истата.
  7. Да креира 3 предлог дизајни за веб-страната, кои ќе биде привлечен и ќе обезбеди лесно користење на истата.
  8. Да обезбеди домејн и хостинг простор за веб-страницата
  9. Да спроведе техничка обука за тимот на ЛЕАД и за персоналот на училиште „Георги Димитров“ за користење на апликацијата и веб-страната
  10. Да обезбеди техничка поддршка за мобилната апликација и веб-страната до 31.07.2018 година
  11. Да се консултира со ЛЕАД во врска со развивањето на продуктите
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Од извршувачот на услугата се очекува да ги достави следниве резултати:

  1. Целосно изработена, функционална мобилна апликација која ги нуди можностите дефинирани преку фокус групите и ги заштитува личните податоци на корисниците, достапна за Аdroid и iOS платформите, која може да се куристи преку мобилен телефон и таблет уред;
  2. Целсно изработен и функционален веб-сајт кој ќе ги нуди истите опции како и мобилната апликација;
  3. Спроведена тест фаза за функционалноста на платформата и поднесен извештај од истата.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Договорот склучен помеѓу Здружение ЛЕАД и извршувачот на услугата ќе биде со времетраење од 4 месеци од неговото потпишување. Во овој период, извршувачот на услугата е должен да ги спроведе дефинираните работни задачи и да ги достави очекуваните резултати.

Работниот ангажман е предвидено да започне на 01.10.2017 година, а да заврши на 31.01.2018 година.

РАБОТЕН ПРОСТОР ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗАДАЧАТА

Извршувачот на услугата сам си го обезбедува просторот за работа, а по потреба може да ја користи канцеларијата на Здружение ЛЕАД.

ПАТНИ ТРОШОЦИ

Исплата на патни трошоци не се предвидени за извршувачот на услугата.

ИСПЛАТА НА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГАТА

Здружение ЛЕАД ќе му го исплати предвидениот паричен надомест, дефиниран во договорот за соработка, по извршување на работните задачи и доставување на очекуваните резултати.

ИНДИКАТОРИ ЗА УСПЕШНОСТ ВО ИЗВРШУВАЊЕТО НА АНГАЖМАНОТ

Успешноста на извршувањето на ангажманот ќе се мери преку следниве индикатори:

  • Функционалност на предложените идејни решенија за мобилна апликација и веб-страна.
  • Задоволување на дефинираните потреби и можности кои се бараат од финалните продукти
  • Извршување на работните задачи во дефинираниот временски рок
  • Степен на ефикасност при извршување на работните задачи и доставување на очекуваните резултати
  • Квалитет на финалните продукти доставени од извршувачеток на услугата.
ПРАВА НА БАРАТЕЛОТ НА УСЛУГАТА И ДОВЕРЛИВОСТ

Здружение ЛЕАД, како барател на услугата има право да:

  • Да учествува во изборот на идејното решение за дизајн на мобилната апликациај и веб-страната.
  • Да бара од извршувачот на услугата да бидат извршени промени во дизајнот и карактеристиките на мобилната апликација и веб-страницата во периодот на нивна изработка.
  • Да бара од извршувачот на услугата периодично известување за неговата работа.
  • Да не му изврши исплата на извршувачот на услугата во случаи кога е незадоволен од финалниот продукт, доколку финалниот продукт не е целосно креиран, доколку финалниот продукт не е доставен до ЛЕАД или е ненавремено доставен.
  • Да го раскине договорот со извршувачот на услугата доколку се прекршат членовите на договорот или доколку за тоа постои согласност од извршувачот на услугата.

Извршувачот на услугата има обврска да ги третира како доверливи сите информации до кои ќе има пристап. Извршувачот на услугата има обврска да го достави финалниот продукт единствено до Здружение ЛЕАД, да не го користи за свои потреби и да не го дава или продава на други физички и правни лица.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Сите заинтересирани правни лица можат да аплицираат на повикот, доколку ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Да бидат регистрирани како правно лице;
  2. Најмалку едногодишно работење во развој и дизајн на мобилни апликации;
  3. Најмалку едногодишно искуство во развој на веб-страници од сличен вид;
  4. Искуство во креирање дизајни за мобилни апликации и веб-страници
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат горенаведените кретериуми можат да аплицираат на овој повик со испраќање на:

  • Краток предлог-концепт за идејно решение;
  • Финансиска понуда,  со потпис и печат, која ќе содржи:
    1. Предложена цена за развој на мобилна апликација (Android и iOS);
    2. Предложена цена за дизајн на мобилна апликација (Android и iOS);
    3. Предложена цена за развој на веб-страница:
    4. Предложена цена за дизајн на веб-страница

*Формуларот за финансиска понуда може да се најде на следниов линк.

НАПОМЕНА: Предлог цените треба да бидат изразени без ДДВ, бидејќи проектот е ослободен од плаќање на истиот

  • Портфолио со досега изработени мобилни апликации и веб-страници од сличен вид;
  • Краток опис и кратка биографија на тимот кој ќе работи на задачата;
  • Временска рамка за спроведување на работните задачи.
  • Тековна состојба, не постара од 6 месеци.
НАЧИН НА СЕЛЕКЦИЈА

Здружение ЛЕАД, врз основа на доставените апликации, ќе изврши селекција следејќи ги следниве евалуациски критериуми:

  1. Експертиза и искуство на компанијата и на тимот- 20%
  2. Предлог-концепт за идејно решение- 30%
  3. Доставена финансиска понуди- 40% (ве молиме користете Формуларот за финансиска понуда приложена од LEAD)
  4. Временска рамка за спроведување на работните задачи- 10%

Сите заинтересирани правни лица можат да ја достават потребната документација на info@lead.org.mk, во електронска верзија, најдоцна до 01.09.2017 година, до 17 часот.

Сите кандидати ќе бидат известени за процесот на селекција, најдоцна 7 дена од крајниот рок за аплицирање.