[ПОВИК ЗА ПОНУДУВАЧИ] за изработка на видео

ГЕНЕРАЛЕН ОПИС

Средношколците ретко учествуваат во донесувањето на одлуките во нивните училиште. Ова се должи на нискиот степен на одговорност од нивна страна но и на недостаток на методи и алатки од страна на училиште за вклучување и консултирање на учениците. Според последното истражување на LEAD, направено на национален репрезентативен примерок во ноември и декември, 65% од средношколците во Македонија никогаш не учествувале во работата на училишните тела.

Здружението ЛЕАД од 01.10.2017 до 30.07.2018 ќе започне со спроведување на проектот “My Voice” кој е во соработка со СУГС “Георги Димитров” и е финансиски поддржан во рамки на програмата Youth Engagement Support.

Целта на проектот е да го зголеми учеството на учениците во донесувањето на одлуките преку креирање на првата мобилна апликација и веб-страна за консултирање на училиштето со учениците и обратно.

ОПИС НА ЗАДАЧАТА

Целта на видеото е едуцирање на средношколците за начинот на функционирање и можностите на користење на мобилната апликација.

Видеото треба да ги прикажува можностите и опциите кои ги нуди мобилната апликација, начинот на користење на истите и придобивките на средношколците од користење на апликациајта.

Од понудувачот на услугата се очекува да го предложи најдоброто решение за да се прикаже бараната содржина и да се долови поентата на видеото (пр. снимен и монтиран видео материјал, видео анимација и слично).

Видеото треба да биде во должина од 1 минута и изработено во висока резолуција (HD) во формат 16:9. Нарацијата на видеото исто така е обврска на понудувачот.

ВРЕМЕНСКИ РОКОВИ

Работната задача треба да започне на 01.10.2017 а да заврши на 31.03.2018 година. Финалното видео треба да биде доставено до LEAD најдоцна до 31.03.2018.

Заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди најдоцна до 01.09.2017 година, до 17 часот на следната адреса – info@lead.org.mk

Понудите треба да содржат:

  • Портфолио со листа на изработени слични продукти
  • CV на лицата кои ќе бидат вклучени во изработка на задачата
  • Сценарио кое ќе ја содржи приказната
  • Финансиска понуда (понудата не треба да содржи ДДВ, бидејќи проектот е ослободен од плаќање на истиот)
ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА

По прибирањето на сите понуди, ЛЕАД ќе спроведе селекција според следните критериуми

  1. Искуство на компанија и лицата вклучени во проектот – 20%
  2. Иновативност на предложената идеја и сценарио – 40%
  3. Финансиска понуда – 40%

Со израбниот понудувач, ЛЕАД ќе склучи договор за соработка.