Повик за членови на Собрание на ЛЕАД

Здружението Лидери за Едукација, Активизам и Развој – LEAD со големо задоволство го објавува овој јавен повик за пријавување на членови на Собранието на ЛЕАД.

Собранието е највисокото тело на организацијата кое се состанува најмалку еднаш годишно и има широки надлежности и начин на работа кои се опишани во Деловникот за работа на Собранието на организацијата. Мандатот на членовите на Собранието е една година.

Врз основа на Статутот на организацијата и други позитивни норми, избраните членови на Собранието, ќе бидат дел од Годишното Собрание на организацијата кое ќе се одржи на 22 ноември 2018, во просториите на ЛЕАД во Скопје .

На повикот можат да се пријават сите лица кои имаат интерес да бидат членови на Собранието и би сакале да придонесат во работата и развојот на организацијата, а се:

  • ученици од средни училишта
  • студенти од универзитети во Македонија
  • лица со искуство во работа со млади
  • лица вработени во јавниот сектор
  • лица од бизнис заедницата
  • родители

Избраните членови на Собранието ќе бидат присутни и ќе учествуваат во работата на Годишното Собрание на Здружението LEAD кое ќе се одржи на горенаведениот датум и место.

Аплицирањето се врши со пополнување на следната пријава, а рокот за пријавување е до 1 октомври 2018 до 23:59 часот.

По извршената селекција на членови, истите ќе бидат контактирани и информирани за деталната агенда на Собранието.

Ги очекуваме вашите апликации.