Започнување со реализација на проектот My Voice

Здружението Лидери за едукација, активизам и развој Скопје, поддржано од УСАИД во рамките на проектот на УСАИД за Граѓанско учество и со одобрение од Министерството за образование и наука, започна со имплементација на проектот My Voice.  

Проектот е замислен како пилот проект, кој ќе се имплементира во соработка и во рамките на СУГС ,,Георги Димитров” од Скопје, а треба да придонесе кон поголемо учество на средношколците во процесот на носење на одлуки преку креирање на мобилна апликација и веб страна. Битно е да се напомене дека ваквата платформа е прва од ваков вид во Македонија и регионот.

Идејата е да се создаде платформа за комуникација помеѓу учениците и службите во средните училишта, која треба да придонесе кон поефикасно, поефективно и поекономично носење на одлуки во рамките на училиштата, а најбитно, подразбира вклучување на учениците во одлучувачките процеси. Ова е планирано да се реализира преку креирање на веб страна и мобилна апликација, која ќе им биде ставена на располагање на учениците и службите, првично во СУГС ,,Георги Димитров”, а потоа се стремиме кон што поширока употреба.

По реализирањето на првичните активности предвидени со проектот, започна процесот на креирање на апликацијата, резултат кој едвај чекаме да го добиеме и споделиме со сите вас.

Проектот „MyVoice“ е имплементиран со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на проектот на УСАИД за Граѓанско учество