Зајакнување на ученичкото учество во процесот на донесување на одлуки во средните училишта

На 19ти ноември со почеток во 10:30 часот во хотел Мериот се одржа конференцијата со назив „Зајакнување на ученичкото учество во процесот на донесување на одлуки во средните училишта“ организирана од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој и Фондацијата Конрад Аденауер.

Со поздравни обраќања, конференцијата ја отворија Министерката за образование и наука, г-ѓа Рената Дескоска и директорот на Фондација Конрад Аденауер, г-дин Јоханес Д. Раи.

На конференцијата беше претставено националото истражување спроведено од ЛЕАД, за тоа колку средношколците се вклучени во процесите на носење на одлуки во нивните училишта, како и резултатите и препораките кои произлегоа од спроведеното истражување. Исто така преку работни групи беа прибрани препораки за можните предизвици при имплементација на промените на законот за средно образование, специфично во делот за ученичко учество во донесување на одлуките.

Дополнително, беше претставен и процесот за измени на Закон за средно образование, во насока на гарантирање на учеството на средношколците во процесите на носење одлуки во училиштата, чии иницијатори се

Учество на конференцијата зедоа претставници на средните училишта од Република Македонија.