Повик за практикант во LEAD

LEAD објавува повик за 3 месечна практикантска работа, почнувајќи од месец април 2018 година.

Во потрага сме по млад човек кој:

  • Ќе сака да учи и да се развива
  • Сака да научи како се пишуваат и имплементираат проекти
  • Размислува “out of the box”
  • Презема иницијатива во текот на ангажманот

Работните задачи за практикантот ќе вклучуваат:

  • Работа на тековните проекти и активности на LEAD
  • Развивање на идеи и концепти за нови проекти
  • Подготовка на проектни апликации
  • Поддршка во администрирање на работата на LEAD

Што нудиме за возврат?

  • Средина која помага и поддржува
  • Флексибилност во работата и задачите
  • Знаење…многу знаење
  • Простор за личен и професионален раст
  • Простор за работа, некогаш од канцеларија, некогаш од кафиќ, некогаш од парк
  • Финансиски надомест
  • 3 месечен план за поддршка и развој на практикантот во работата

Аплицирај со испраќање на кратко CV (не подолго од 2 страни) и пополнување на следната апликациска форма.

Рокот за аплицирање е до 23 март (16.00ч) со пополнување на апликациската форма и испраќање на твоето CV на – info@lead.org.mk 

Предселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.