Нашата приказна

LEAD е граѓанска организација основана од 10 свесни индивидуи со позадина од граѓанскиот сектор, приватниот сектор, јавниот сектор и образованието.

Организацијата тежнее да постигне состојба каде што младите во партнерство со возрасните активно учествуваат во општествените процеси, преземаат лична одговорност за моменталната состојба и преку континуиран личен развој придонесуваат за подобро општество 


Работата на LEAD се темели на креирање на едукациски програми кои поттикнуваат личен развој, институционално јакнење и одржливост.

Веруваме во лична одговорност кај луѓето за:

  • Средината во која живееме
  • Работите за кои се нафаќаме
  • Состојбата во која се наоѓаме

Која е нашата експертиза?

Креирање на едукациски програми и искуства
Личен развој кај млади и лица што работат со млади
Вештини за вработување
Институционално јакнење на организации и компании

ПОДДРЖУВАЧИ И СОРАБОТНИЦИ