Кризата која беше поттикната од вирусот КОВИД-19 неминовно имаше свои импликации и врз средното образование во Северна Македонија, посебно во начинот на одвивање на наставата. Наместо редовна настава, речиси целото последно тримесечје од учебната 2019/2020 година се одвиваше преку т.н. настава со далечинско учење.

Здружението Лидери за едукација, активизам и развој и Фондацијата Конрад Аденауер веќе 5 години заедно работат на теми поврзани со средното образование, како што се ученичко учество и дигитализација во образованието. Новонастанатото далечинско учење побуди посебен интерес за истражување од аспект на негова успешност, ефективност и предизвици во неговото имплементирање. Па така, во месец јули 2020 година беше објавено првото истражување за предизвиците од спроведувањето на далечинското учење во последното тримесечје од учебната 2019/2020 година. Ова истражување претставува продолжение на истото со фокус на првото полугодие од учебната 2020/2021 година.

ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ИСТРАЖУВАЊЕТО ТУКА