LEAD во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер во периодот септември-октомври 2020г. ја реализираше програмата „Инспирирај развој” која беше наменета за наставници од средното образование во С. Македонија.

Целта на програмата е да ги развие капацитетите на наставниците за користење на дигитални алатки во настава како и за подобрување на вештините за спроведување на настава преку далечинско учење.

Програмата предизвика голема заинтересираност и на неа учествуваа 36 наставници од 23 различни средни училишта од целата земја. Истата беше концепирана во 3 различни МОДУЛИ и тоа:

1. Користење на дигитални алатки и платформи;
2. Адресирање на предизвици во спроведување на онлајн настава;
3. Поттикнување ученичко учество за време на онлајн настава
.

Наставници ја оценија програмата како исклучително корисна за нивните потреби, каде што се стекнаа со знаења како да користат различни платформи (Paddlet, Quizlet, Google Jamboard  итн.).

Како важен елемент се наметна планирањето на подготовката и самата реализација на онлајн часот, за што исто така беше развиен урнек за реализација на еден онлајн час.

Наставниците преку работни групи исто така развија форми за евалуации на воспитно образовниот процес, нешто што тие самите го идентификуваа како недостаток во образовниот процес, што секако треба да бидат дел од редовната настава, но уште повеќе да не бидат заборавени за време на наставата на далечина. Теми на кои активносе дискутираше беше и начинот на оценување, мотивирање на учениците но и на наставниците за наставата на далечина, не заборавајќи дека наставниците ја имаат не само важната улога на едукатори, туку и на воспитувачи, и тоа треба да биде неизоставен дел и од наставата на далечина