Наставник си во едно од средните училишта во Северна Македонија?
Сакаш да ги подобриш своите дигитални вештини?
Сакаш да бидеш во тек со новите платформи и алатки за далечинско учење и да ги употребиш при твојата работа?

Фондацијата Конрад Аденауер и LEAD те повикуваат да аплицираш на програмата за развој на дигитални вештини на наставници која ќе се реализира од септември до ноември 2020 година.

ШТО ОПФАЌА ПРОГРАМАТА?,

1. Три еднодневни онлајн тренинг МОДУЛИ, секоја со времетраење од 3 часа.

МОДУЛ 1 – Користење на дигитални платформи и алатки во настава (07-11 септември 2020)

МОДУЛ 2 – Адресирање на предизвици во спроведување на онлајн настава (14-18 септември 2020)

МОДУЛ 3 – Поттикнување ученичко учество за време на онлaјн настава (21-25 септември 2020)

*Точните датуми во рамки на обуките ќе бидат дополнително одредени во координација со избраните наставници

2. Практична примена на знаењето

По завршувањето на секој МОДУЛ, секој од учесниците ќе има задача да го примени наученото во пракса во своето училиште.

3. Рефлексија и научени лекции

Секој наставник ќе има можност да добие индивидуален фидбек за завршените задачи помеѓу модулите.

4. Можност за вклучување како обучувач на други наставници

По завршувањето на третиот МОДУЛ наставниците кои ќе бидат заинтересирани да го пренесат знаењето стекнато од програмата преку кратки онлајн сесии за други наставници ќе бидат поддржани од наша страна.


ПО КОИ МЕТОДИ ЌЕ РАБОТИМЕ?

Методите за работа ќе бидат базирани на неформално образование и искуствено учење. Ќе користиме дигитални платформи, практични примери, фокусирани презентации и дискусии.

ЗАИНТЕРЕСИРАН/А СУМ, ШТО ЌЕ СТЕКНАМ?

1. Користење на дигитални платформи во настава;
2. Методи за интеракција со ученици при далечинско учење;
3. Вештини за водење и структурирање на онлајн часови ;
4. Вештини за работа со различни видови на ученици при далечинска настава;
5. Вештини за поголемо вклучување и мотивираност на учениците при далечинска настава

КАКО ДА АПЛИЦИРАШ?

Испрати ни твоја кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на skopje@kas.de и/или info@lead.org.mk најдоцна до 1 септември 2020 година

Критериумите за избор се следни:

1. Наставникот демонстрира посветеност кон својот развој;
2. Наставникот има силна мотивација да придонесе кон развојот на учениците и образованието.

Од пристигнатите апликации ќе бидат избрани 20 кандидати кои ќе бидат дел од програмата.

Во случај да има голем интерес ќе бидат формирани повеќе групи.