Инспирирај учество
Повик за наставници од средни училишта


Влијанието на пандемијата врз образовниот систем и воведувањето на моделот на далечинско учење значително се одрази и на степенот на ученичко учество во средните училишта. Последната студија која ја спроведоа Фондација Конрад Аденауер и ЛЕАД покажа дека во 12% од случаите во средните училишта не биле избрани претставници на ученичките организации, додека во 24% од случаите изборите биле направени на нецелосно демократски начин.

Од таа причина, отвораме повик за 21 наставник од средни училишта да земат учество во процес за унапредување на ученичкото учество при настава на далечина и за зголемување на свесноста за важноста од демократски, легитимни избори на средношколски лидери.

Преку процесот, наставниците ќе ги зајакнат нивните компетенции за практикување демократија во училиштата и промовирање на култура на демократија помеѓу учениците, наставниците и носителите на одлуки, преку планирање и спроведување визуелни кампањи.

Целокупниот процес ќе се спроведува во 3 фази, вклучувајќи:

Ги покануваме сите заинтересирани наставници вклучувајќи ги и вработените во стручните служби да аплицираат за учество во процесот најдоцна до 21.03.2021,преку доставување на кратка биографија и мотивациско писмо, каде ќе ја наведете Вашата улога во промовирање на демократските процеси во рамките на училиштето, на applications@lead.org.mk

Наставниците кои ќе бидат избрани ќе учествуваат активно во креирањето на содржините за кампањата за зголемување на демократското учество на учениците, наставниците и носителите на одлуки и за истиот ангажман ќе добијат финансиски надомест.