Појавата на пандемијата КОВИД 19 во светот предизвика промени и во работата на граѓанскиот сектор во Република Северна Македонија.

Поради состојбата со која се соочија најголем дел од организациите кои работат со млади, група младински организации креираше прашалник со цел да се препознаат предизвиците и потребите на секторот. Во исто време, на овој начин се овозможи креирање на платформа која послужи за препознавање на областите во кои младинските организации активно работат во услови на криза и ја покажа нивната подготвеност за адаптација и придонес во сфери суштествени за функционирање на целото општество во услови на прогласена пандемија.

Резултатите од овој прашалник исто така ги идентификуваше и главните потреби на младинските организации и генерираше препораки кои ги посочија клучните сектори и начините за вклучување на овој сектор од страна на државата во услови на ваква и слични пандемии во иднина. Препораките и предлозите се доставени до релевантни чинители во Република Северна Македонија.

ПРЕЗЕМИ ГО ИЗВЕШТАЈОТ ТУКА.

Од резултатите на овој извештај се креираше платформа
која ги прикажува сите организации кои вложија време да
го одговорат доставениот прашалник. На мапата се
дефинирани сите области во кои работат организациите
кои се активни во време на КОВИД 19.

Целта е да ги собере на едно место сите организации за
млади кои ги ставаат на располагање своите капацитети
за понатамошно нивно вклучување во време на кризи.
Доколку сакате Вашата организација да биде вклучена на
оваа платформа, ве молиме да не исконтактирате.

ПРИСТАПЕТЕ ДО МАПАТА