ЈАС И СКОПЈЕ: МЛАДИНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Пристигна и долгоочекуваниот ден за уживање во сработените краткометражни филмови снимени во рамки на натпреварот за изработка на аматерски краткометражни филмови „Јас и Скопје”.

Сигурно се сеќавате на четворицата учесници кои се дел од натпреварот “Јас и Скопје” и кои сработеа краткометражни видеа каде што го прикажаа начинот на живеење во градот Скопје во услови на пандемија, можностите кои ги нуди, неговото секојдневие како и обележјата на истиот.

Сега, по завршување на неколкумесечниот процес, ве повикуваме да ги погледнете филмовите, да гласате за вашето омилено со притискање Like на YouTube објавата од видеото најдоцна до 09.12.2020 и да бидете дел од ова наше заедничко искуство.

Леон Шумански: Јас и Скопје

„Сакам да го доловам денот на еден тинејџер во услови на пандемија во главниот град Скопје. Тргнувајќи од прикажување на карантинскиот живот во Скопје па сѐ до сите интересни и здодевни работи, излегување за време на пандемијата и забава. Сакам да го доловам и викенд-карантинот од повеќе денови, како и како се одвивал истиот. Со некои интересни wide-кадри со дрон и со камера сакам да го доловам и ликот на Скопје за тоа време.“

Елма Нумановиќ: Јас и Скопје

„Инспирацијата за овој проект најпрво е мојот роден крај Скопје како и главен мотив. Во овој краткометражен филм би сакала да ги прикажам моите секојдневни авантури и истражувања на местата кои што од секогаш биле тука но всушност дури сега почнале да постојат во околина каде што сите обврски се ставени на страна и конечно имаме време да се посветиме дури и на најмалите ситници околу нас. Никогаш до сега Скопје како град не сум го гледала на овој начин, и би сакала да го прикажам исто како што јас го гледам и доживувам..”

Константина Цветаноска и Елена Стефановска: Јас и Скопје

„Инспирацијата за ова видео е „слободата на умот“ која одамна не сме ја почувствувале и која одамна ја баравме и нѝ недостигаше во нашето секојдневие односно истата онаа која беше присутна целото ова време, сиве овие месеци од кога моменталната пандемија на COVID-19 зема замав и во нашата држава. Животот што се живее во овој фамозен 21 век е доста стресен, брз и хаотичен, луѓето постојано се зафатени со други работи запоставувајќи се себе си така што нивните умови се на некој начин управувани не од самите нив туку од некои надворешни, познати или непознати, фактори. Наспроти ова, слободата на умот која ја доживеавме нѝ даде повеќе од доволно време за размислување и преиспитување на нашите личности, карактери и темпераменти и со ова ни овозможи можност да ги прошириме нашите размислувања.“

Бојан Ристовски: Јас и Скопје

„Најголемата мотивација и инспирација за мене претставува да ја раскажам приказната за „Градот Убав” кој како и после сите природни несреќи, војни и земјотреси повторно никнува и се враќа во нова нормала после неколку месечен карантин и како младите го доживуваат овој град во време на “Social distancing” Дали нешто е сменето ? Како се забавуваат младите во текот на летото? Кои места ги посетуваат ? Дали откриле нешто ново за нашиот град што не знаеле предходно дека постои ? Крајната цел на моето видео е да им покаже на нашите сограѓани дека постои живот,забава и многу интересни работи што може да дожиеват но и да ги едуцира дека со почитување на правилата не се штитат само себе туку и сите нас.”