Животните вештини заедно со вештините за писменост (треба да) претставуваат еден од најважните столбови во образованието на една единка. Постојат многубројни дефиниции за тоа што претставуваат Животните вештини. Според Светската здравствена организација (СЗО) “Образованието базирано на животни вештини е направено да го олесни практикувањето и зајакнувањето на психолошките вештини на културно и развојно соодветен начин”. (СЗО 1999). Од друга страна според УНЕСКО „Образованието базирано на животни вештини е пристап базиран на промена на однесувањето за да се постигне баланс во три области и тоа: знаења, ставови и вештини” (УНЕСКО 2001).

Во овие рамки Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во изминатите две години работи активно на подобрување на животните вештини кај младите на возраст од 15 до 29 години преку програмата Училиште за животни вештини финансирана во рамки на регионалната програма Web4YES (Western Balkan Civil Society Organisations for Youth Employment Support),  која е финансиски поддржана од Европската комисија.

Земајќи го ова предвид, целта на овој документ е да ја анализира состојбата во образовниот систем на С. Македонија (со фокус на средното образование) во делот на едукација за животни вештини но и да понуди конкретни решенија за подобрување на едукативните содржини наменети за животните вештини.

ПРЕЗЕМИ ГО ДОКУМЕНТОТ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ТУКА