Анализа на мерките за млади на програмите на политичките партии од парламентарните избори во 2020 година

Декларативно младите се високо на агендата на сите политички субјекти во Република Северна Македонија. Но што тоа всушност значи? Колку се тие вистински предизвик за политичките партии и институциите? Колку и какви ветувања се правени за нив и во нивно име од страна на политичките партии? Знаат ли младите да ги протолкуваат и препознаат ветувањата и мерките?

Овие прашања беа водилка на нашата анализа, во која се обидовме да ги изброиме и класификуваме мерките за младите луѓе кои беа дадени во 2020 година од страна на политичките партии кои учествуваа на парламентарните избори.

Со оваа анализа се обидуваме да оствариме две цели:

1. Да им овозможиме на младите луѓе да го препознаат квалитетот и бројот на мерките кои се нуди за нив за да бидат во можност да донесат образована одлука при остварување на нивното гласачко право

2. Да поттикнеме квалитетно креирање на мерки и политики за млади од страна на политичките партии користејќи ги 11-те индикатори за квалитетна младинска политики на Европскиот младински форум.

ПРЕЗЕМИ ЈА АНАЛИЗАТА ТУКА