Декларативно младите се високо на агендата на сите политички субјекти во земјава. Но, што тоа всушност значи? Колку се тие вистински предизвик за политичките партии и институциите?

Колку и какви ветувања се правени за нив и во нивно име од страна на политичките партии? Знаат ли младите да ги протолкуваат и препознаат ветувањата и мерките?

Овие прашања беа водилка на нашата анализа, во која се обидовме да ги изброиме и класифцираме мерките за младите луѓе кои беа дадени во 2016 година од страна на политичките партии кои учествуваа на Парламентарните избори. Со оваа анализа се обидуваме да оствариме две цели:

1. Да им овозможиме на младите луѓе да го препознаат квалитетот и бројот на мерките кои се нуди за нив, за да бидат во можност да донесат одлука заснована на факти при остварување на нивното гласачко право.

2. Да поттикнеме квалитетно креирање на мерки и политики за млади од страна на политичките партии, користејќи ги 11-те индикатори за квалитетна младинска политика на Европскиот младински форум.

Преземи ја публикацијата ТУКА


Според Совет на Европа, „младинската политика претставува стратегија која цели да создаде услови за учење, можности и искуства, кои ќе им овозможат на младите луѓе да развијат знаења, вештини и компетенции”. Важно е да се напомене дека младинската политика е пристап кој треба да содржи јасни цели и индикатори кои се меѓусебно поврзани и се во различни области, како на пример: образование, домување, здравство, квалитетно слободно време, култура итн.

Во таа насока, оваа анализа го користи пристапот развиен од Питер Лорицен и Европскиот младински форум „11-те индикатори за младинска политика“ кои ги нагласуваат важните сегменти кои една младинска политика треба да ги содржи со цел да биде изградена според потребите и специфичните реалности на младите.

Преземи ја публикацијата ТУКА




Прочитајте подетално во колкава мера се застапени овие 11 индикатори во мерките за млади дефинирани во програмите на политичките партии од парламентарните избори во 2016 година.

Преземи ја публикацијата ТУКА