Користење на дигитални алатки во образованието
26.03 (четврток)
12.00ч. – 14.00ч.

Технологијата, мобилните телефони и компјутерите можат да бидат пречка во образование или огромна можност, зависи како гледаме во нив.

Ние веруваме дека технологијата може да го подобри и збогати образованиот процес и сакаме да придонесеме истата повеќе да се користи во нашето образование.

Во услови кога физички е спречен образовниот процес принудени сме да се насочиме кон онлајн алатките. Заради тоа, објавуваме повик за бесплатна онлајн сесија за користење на дигитални алатки во образованието.

За кого е наменета?

Сесијата е наменета пред се за сите наставници кои се дел од средното образование во нашата земја без разлика на нивниот наставен предмет.
Исто така, наставниците од основите училишта можат да се пријават за сесијата, бидејќи во голем дел дигиталните алатки се применливи и во тие средини.

Што ќе научите?

Ќе бидат презентирани алатки за креирање на едукативни содржини кои можат да се применуваат за време на училишниот час, како и дигитални презентации кои можат да се користат за време на часовите, но и надвор од нив. Дополнително, ќе биде промовирана платформата за средношколско учество и комуникација „Мој глас”, која се воведува во средните училишта, а е изработена од LEAD и истата овозможува онлајн комуникација помеѓу училишниот кадар и учениците за остварување на образовните потреби.

Како да се пријавиш?

Пријавувањето се врши со пополнување контакт формата на следниот ЛИНК. Бројот на места е ограничен на 50 учесници, и повикот ќе биде отворен се до пополнување на бројката, но не подоцна од 24.03 (вторник).