Наставник си во основно или средно училиште во С.Македонија?

Како постапуваш во ситуација кога кај твоите ученици има тензија, сензитивност и пристраност за некоја тема?

Сакаш да ги подобриш твоите капацитети за справување со контроверзни теми во рамки на твојот час?

Здружение Лидери за   Едукација, активизам и развој во рамки на проектот „Наставници за едукација, демократија и човекови права“ отвора повик за 15 наставници од основни училишта (од 6то до 9то одделение) и 15 наставници од средни училишта за учество во процес на зголемување на застапеноста на контроверзни теми и прашања во рамки на часовите како и зголемување на свесноста на наставниците и учениците од важноста на истите. 

Што подразбираме под контроверзни теми?

Контроверзни теми се оние теми кои поттикнуваат силни емоции, реакции и поделеност на мислењата во едно општество.

Со каква методологија ќе работиме?

Пристапот за време на целиот процес ќе се темели на публикацијата „Teaching Controversial Subjects” издадена од Советот на Европа и користена во преку 15 земји во Европа. Публикацијата ќе биде достапна на македонски и албански јазик за нејзината полесна употреба.


Целокупниот процес ќе се спроведува во 4 фази, вклучувајќи:

Заинтересиран/а сум, но што ќе стекнам/научам?

Што друго добивате доколку се вклучите во проектот?

Како да аплицирате за учество?


Ги покануваме сите заинтересирани наставници да аплицираат за учество во процесот, преку доставување на: 

1. Кратка биографија (CV)

2. Пополнета апликациската форма 

3. Пополнето писмо за поддршка од училиштето.


При пополнување на писмото за поддршка од училиштето, потребно е да има потпис и од наставникот и од директорот на училиштето. При доставување на писмото за поддршка наставникот е должен да ни испрати скенирана верзија од истото. 


Рокот за пријавување е најдоцна до 07.05.2021 со испраќање на потребните документи на applications@lead.org.mk .


Доставените апликации ќе бидат оценувани според следните критериуми:

1. Разбирање на концептот контроверзни теми

2. Мотивираност за учество во проектот

3. Степен на заложба за примена на наученото во пракса


Проектот „Наставници за едукација, демократија и човекови права“ е реализиран од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој со финансиска поддршка од Советот на Европа и Програмата на Европската комисија за демократска и инклузивна култура во пракса, со одобрение од Министерството за образование и наука. 


X