Наставник си во основно или средно училиште во С.Македонија?
Сакаш да ги подобриш своите вештини за подоготвка на проекти за меѓународни и домашни донатори?

Пријави се на дво-дневната обука онлајн обука за подготовка на проектни апликации која ќе се одржи на 20 и 21 април од 15.00ч – до 19.00ч.

ЗАИНТЕРЕСИРАН/А СУМ, НО ШТО ЌЕ СТЕКНАМ/НАУЧАМ? 🤔

1. Листа на потенцијални донатори за аплицирање за основни и средни училишта;
2. Креативен и практичен пристап „Како од 0 до проект?”;
3. Развивање на цели, резултати, индикатори и методологија ;
4. Совети за пишување и подготовка на апликации;

Пристапот на обуката ќе биде практичен и интерактивен каде што учесниците директно ќе работат на развивање на реална проектна идеја, која потоа ќе може да биде доработена и подготвена за аплицирање.

ШТО ДРУГО ЌЕ ДОБИЕШ? 📬

1. Краток водич „Како од 0 до проект?”;
2. Фидбек на развиените идеи;
3. Сертификат за учество;

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ ЗА ДА СЕ ПРИЈАВАМ? 💻

Дводневната обука чини 750 денари, кои е потребно да се уплатат жирално. По пријавување, тимот на LEAD ќе ви ги испрати информациите за уплатата.

СПЕЦИЈАЛНИ ПОПУСТИ  🔔

Доколку се пријават 2 наставници од исто училиште добиваат 10% попуст (675 ден.)

Доколку се пријават 3 наставници од исто училиште добиваат 20% попуст (600 ден.)

Доколку се пријават 4 или повеќе наставници од исто училиште добиваат 30% попуст (525 ден.)