КАДЕ ЌЕ СЕ ОДВИВА ВОЛОНТИРАЊЕТО?

Волонтирањето ќе се одвива во Друштво за помош на лица со интелектуална попреченост Барка од Словенија (претставништво на меѓународната организација L’Arche International larche.org) во Збилје.

Организацијата е основана во 1997 и е една од водечките организации во Словенија за работа со возрасни лица со интелектуална попреченост.

LEAD во соработка со организацијата Друштво за помош на лица со интелектуална попреченост – Барка, во рамки на програмата Европски солидарен корпус објавува повик за долгорочен волонтерски ангажман во Словенија за двајца млади.

Повикот е отворен за млади од 18-30 години кои се државјани на С. Македонија.

ШТО ЌЕ ОПФАТИ ВОЛОНТИРАЊЕТО?

Волонтирањето ќе се одвива во просториите на Друштво Барка, кои поседуваат три куќи, односно: две куќи кои се наменети и уредени на начин кој е соодветен за живеење на повеќе лица, и една куќа во која се сместени канцелариите и работилниците на организацијата.

Задачите на волонтерите се следни:

1. Организирање и водење на работилници со лица со попречност и тоа:
– Органско производство на храна;
– Производство на различни продукти во соработка со локални бизниси;
– Рачна изработка на креативни продукти од различни рециклирани материјали и дрво

2. Помош во процесот на деинституционализација на лицата со попреченост (осамостојување);

3. Организацијата на јавни настани за подигање на свеста;

4. Организација на уметнички активности во атељето на организацијата и помош при изведбата на арт терапија за различни ранливи категории;

5. Вклучување во fundraising активности на организацијата;

6. Вклучување во меѓународен тим на организација, кој се состои од вработени и волонтери на различна возраст и од различни држави (Словенија, Франција, С.Македонија, Хрватска, Словачка, Германија итн.)

Целосниот опис на задачите можете да го видите на [СЛЕДНИОВ ЛИНК].

СМЕСТУВАЊЕ И МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ВО УСЛОВИ НА КОВИД – 19

Двата волонтери ќе бидат сместени во посебна куќа во рамки на комплексот кој го поседува организацијата, заедно со уште 2 волонтери од Германија. Сите трошоци за сместување се покриени од страна на Еразмус+ програмата. Дополнително волонтерите добиваат и месечен надомест согласно правилата на Еразмус+ програмата

Волонтерите добиваат 5 оброци дневно во работилниците/куќите каде што се сместени, освен ако одлучат да готват сами за себе, за што ќе добијат соодветен паричен надоместок.

Во согласност со ситуацијата поврзана со КОВИД-19 секое лице кое поседува дозвола за престој во Словенија а доаѓа од С. Македонија е потребно при влегувањето во Словенија да помие 14 дневен карантин.

Карантинот ќе биде спроведен во просториите на организацијата, а не во државни простории.*
* Во случај прописите за КОВИД-19 да  бидат променети, организациите ќе го земат тоа во предвид.

ТРОШОЦИ И АДМИНИСТРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ

Сите трошоци за виза, осигурување, патување (еден повратен билет) и месечен надоместок ќе бидат покриени од страна на Еразмус + програмата. Дополнително,LEAD и Друштво Барка ќе помогнат во процесот на добивање на виза, како и подготовка на волонтерите пред нивното заминување во Словенија.

КАКОВ ПРОФИЛ НА МЛАДИ БАРАМЕ?

1. 18-30 години возраст;
2. Пожелно е основно познавање на англиски јазик (не е потребно совршено да се говори) (не е услов);
3. Пожелно е минимално разбирање на српски или хрватски јазик (не е услов);
4. Приспособлив/а кон нови средини, лица и предизвици;
5. Желба и иницијативност за вклучување во различни активности кои придонесуваат кон позитивни општествени промени.
Силно охрабруваме апликации од млади со помалку можности.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА

Аплицирање се врши преку пополнување на [АПЛИКАЦИСКА ФОРМА] и испраќање на CV на англиски јазик на следната адреса: info@lead.org.mk

Рокот за аплицирање е до 20 септември (23.59ч). По пристигнувањето на апликациите ќе биде извршено интервју со претселектираните кандидати.