Здружение Лидери за едукација, активизам и развој го започнува проектот “Teachers for Education, Democracy and Human Rights” кој има за цел поттикнување на наставниците за предавање на контроверзни теми.

Проектот се спроведува во периодот од 01.03 до 15.11.2021. Во рамки на проектот, за потребите на истиот, е предвиден превод на публикацијата “Teaching Controversial Issues Through Education for Democratic Citizenship and Human Rights” од англиски на македонски јазик.

Публикацијата се содржи од материјали за работа кои подоцна би им помогнале на наставниците за полесна работа со своите ученици при предавање на контроверзни теми. Публикацијата се состои од 73 страни и преводот на истата треба да биде испратен во Word документ напишан со македонска поддршка.

Токму за таа цел, преку овој отворен повик ве повикуваме сите заинтересирани преведувачи да ни испратите финансиска понуда за преведување, на info@lead.org.mk најдоцна до 22.03.2021.