Како организација која ги базира своите програми на неформални методи и младинска работа, во последните 4 години, заедно со Фондацијата Конрад Аденауер, имавме можност да бидеме вклучени во средношколскиот образовен систем, преку директна работа со ученици, наставници и со училишната администрација.

Нашата работа се фокусираше на ученичкото организирање и учество во процесот на носење одлуки, но и на зајакнување на капацитетите на наставниците за работа со неформални методи и методи на младинска работа. Низ сите овие процеси опфативме преку 70 средни училишта низ целата територија на Република Северна Македонија.

Поттикнати од искуствата и научените лекции низ овие процеси, нѝ беше инспирација да го создадеме овој прирачник, со кој сакаме да ги доближиме концептите и методите кои ние ги практикувавме и кои вродија успех за време на обуките. Истиот е наменет за наставници, едукатори и лица кои работат со млади и кои сакаат да применат неформални методи и методи на младинска работа во своето делување.

ПРЕЗЕМИ ГО ПРИРАЧНИКОТ ТУКА.