Овој документ има за цел да едуцира и креира безбедна средина за сите, во која ќе се чувствуваат добредојдени, безбедни и ќе можат да ги уживаат своите човекови права и исполнат својот потенцијал креирајќи еднакви можности за сите.

Дополнително, целта на овој документ е во случај на потреба за постапување да го дефинира постапувањето и реакцијата во случај на насилство, да работи на реинтеграција на жртвите и насилниците и да ја поткрене свесноста на сите засегнати страни во училиштата за насилство и да ја унапреди безбедноста промовирајќи безбедна средина за сите.

Истиот е наменет за сите засегнати страни во училиштето. Во нив припаѓаат учениците, родителите/старателите, училишниот одбор, директорот, членовите на различните училишнии стручни активи, наставниците, стручните служби и останатите вработени кои на некаков начин имаат активна улога во различните процеси во училишната средина. Овој документ ги вклучува преку соработка и сите релевантни институции кои работат на превенција и заштита од насилство.

ПРЕЗЕМИ ГО ДОКУМЕНТОТ ТУКА