Просечното време за наоѓање работа по завршено образование е дури 31 месец, а само 22% од младите имаат успешна транзиција од училиште кон работа

Дали сакаш, со наша помош, да се издвоиш од просекот и успешно да се позиционираш на пазарот на трудот?

Тогаш стани дел од „Училиште за животни вештини“ и со наша помош зголеми ги твоите компетенции и биди дел од младите кои успешно чекорат кон достигнување на својот личен и професионален потенцијал.

Што е Училиште за животни вештини?

Училиште за животни вештини (УЖВ) е практична и директно применлива образовна програма изградена од очекувањата на младите и потребите на деловниот сектор. Истата е наменета за млади, од 15 до 29 години, без разлика на нивниот образовен или работен статус.

Самата програма е поделена во два дела:

Тримесечен циклус на обуки во шест модули

Еден циклус од програмата е наменет за 25
учесника, се спроведува во период од три месеца и се состои од 6 тематски
модули.

Целата програма е базирана на неформални методи. Што значи тоа? Нема да има професор што ќе ви зборува 45 мин. Нема да мора да памeтите факти. Нема да мора да учите на памет. Нема да чекате едвај да заврши. НЕМА НИКОЈ ДА ВИ ГО ТЕСТИРА СТЕКНАТОТО ЗНАЕЊЕ. Ќе користиме „искуствено учење”, симулации, дискусии, вежби, тимски предизвици.

Едномесечна пракса во реномирани компании

Во соработка со бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, на дел од учесниците на обуките ќе им биде овозможена едномесечна пракса во компанија или граѓанска организација,

Сите учесници на програмата ќе имаат еднаква
шанса да бидат избрани директно од самите компании и организации, врз основа на
нивните обрзовни и професионални профили, како и врз основа на нивниот напредок
во текот на обуките.

Преку вклучување во Училиште за животни вештини ќе имаш можност да:

Како да станеш дел од Училиште за животни вештини?


Едноставно!

Пополни го формуларот на следниов линк најдоцна до 30 декември. По пополнувањето на формуларот ќе те исконтактираме за да ја потврди твојата апликација и да ти даде инструкции за следните чекори.

Учеството на еден тримесечен циклус кој ги вклучува сите шест модули и можност за едномесечна практична работа во компанија или организација изнесува 2400 денари, со можност за плаќање на три месечни рати, додека трае циклусот на обуки.

Што опфаќа програмата на Училиште за животни вештини?


Програмата за животни вештини, во рамки на Училиште за животни вештини претставува серија обуки, поделени во шест модули и тоа:

За да стекнеш некоја вештини во животот треба да бидеш отворен за учење.

Оваа програма ќе те научи како да стекнуваш вештини во текот на твојот живот.

Програмата ќе ти овозможи да ја подобриш комуникацијата со луѓето во твоето опкружување.

Да бидеш подобар презентер и говорник во јавност и во деловната средина.

CV немаш или го правиш набрзина, а мотивациското писмо го „крадеш” од интернет зошто не знаеш како да го направиш? На интервју за работа не си бил или не знаеш како да се подготвиш?

Програмата ќе те подготви во секој момент да бидеш спремен за да аплицираш за работа.

Дома сме тим, во училиште/ на факултет сме тим, на работа сме тим. Знаеме ли да се носиме со тоа?

Ќе ја пронајдеш својата улога во тимот. Ќе знаеш што е тимска динамика. Ќе бидеш подобар тимски играч.

Конфликтите се факт во нашиот живот. Бегаш од нив бидејќи ти влијаат негативно или ќе ги трансформираш за да одиш напред?

Времето е единствениот бесплатен ресурс кој го имаме на располагање. Научи како да го цениш и користиш!

Сметаш дека не си креативен? Програмата ќе те научи да погледнеш на проблемите низ нови перспективи и да створиш нешто оригинално.

Дополнително, ќе се стекнеш со вештини за рационализација, анализа и проценка на информациите и критички да размислуваш.

Кога ќе се одржува програмата?


Првата генерација од 25 учесници ќе започне во месец јануари, а ќе заврши во месец април. Еден модул ќе биде со времетраење од два дена од по 6 активни часа на обука.

МОДУЛ 1МОДУЛ 2МОДУЛ 3ПОЧЕТОК НА ПРАКСА
18.01 -19.0101.02 – 02.0215.02. – 16.02ПОЧЕТОК: 23 МАРТ
МОДУЛ 4МОДУЛ 5МОДУЛ 6ЗАВРШЕТОК НА ПРАКСА
29.02 – 01.0314.03 – 15.03МОДУЛ 6: 21-22ЗАВРШЕТОК: 23 АПРИЛ

Што велат досегашните учесници на програмата?


АНА СЕКУЛОВСКА
Учесник на програмата за животни вештини

ВРЕМЕ ПОСВЕТЕНО НА ЛИЧЕН РАЗВОЈ! . ИСКУСТВО КОЕ ТЕ ИСПОЛНУВА И ПОДГОТВУВА ЗА СЛЕДНИОТ ЧЕКОР!

КРИСТИНА ДОБРЕВСКА
Учесник на програмата за животни вештини

ПРЕКРАСНО ДОЖИВУВАЊЕ. ВОЗБУДЛИВ ПРЕДИЗВИК И МОЖНОСТ ЗА СЕБЕНАДОГРАДБА И СЕБЕИСТРАЖУВАЊЕ!

ЕМАНУЕЛА НАЧЕВСКА
Учесник на програмата за животни вештини

ВАЖНО Е ДА СМЕ СВЕСНИ ЗА ПОТРЕБАТА ОД КОНТИНУИРАН ЛИЧЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ!

ЕЛЕНА БОЖИНОВСКА
Учесник на програмата за животни вештини

НАУЧИВ ДА ИСТРАЖАМ ПОДЛАБОКО ВО СЕБЕ, А ПРОГРАМАТА ПРЕДИЗВИКА СЛАТКИ СКРИЕНИ ЕМОЦИИ НА ПАТОТ НА УЧЕЊЕТО.

Кои се компаниите и организациите кои ќе понудат пракса?


Outlet On
Интернационална интернет продавница
Grouper
Интернет продавница за групни попусти
Civitta Consulting
Меѓународна консултантска компанија
Final Frontier
Компанија за развивање на друштвени игри на меѓународно ниво
Inbox
Водечка компанија во архивирање и управување со документи
Strategic Development Consulting
Компанија за консалтинг за стратешки развој
Блинк 42-21
Граѓанска организација која креира социјални иновации
Младите можат
Младинска организација што ги поттикнува младите да станат активни во општеството
LEAD
Граѓанска организација која креира едукациски програми за личен и одржлив развој