Просечното време за наоѓање работа по завршено образование е дури 31 месец, а само 22% од младите имаат успешна транзиција од училиште кон работа

Дали сакаш, со наша помош, да се издвоиш од просекот и успешно да се позиционираш на пазарот на трудот?

Тогаш стани дел од „Училиште за животни вештини“ и со наша помош зголеми ги твоите компетенции и биди дел од младите кои успешно чекорат кон достигнување на својот личен и професионален потенцијал.

Што е Училиште за животни вештини?

Училиште за животни вештини (УЖВ) е практична и директно применлива образовна програма изградена од очекувањата на младите и потребите на деловниот сектор. Истата е наменета за млади, од 15 до 29 години, без разлика на нивниот образовен или работен статус.

Самата програма е поделена во два дела:

Циклус на обуки кој опфаќа шест модули

Еден циклус од програмата е наменет за 25
учесника, се спроведува во период од еден месец и се состои од 6 тематски
модули.

Целата програма е базирана на неформални методи. Што значи тоа? Нема да има професор што ќе ви зборува 45 мин. Нема да мора да памeтите факти. Нема да мора да учите на памет. Нема да чекате едвај да заврши. НЕМА НИКОЈ ДА ВИ ГО ТЕСТИРА СТЕКНАТОТО ЗНАЕЊЕ. Ќе користиме „искуствено учење”, симулации, дискусии, вежби, тимски предизвици.

Едномесечна пракса во реномирани компании

Во соработка со бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, на дел од учесниците на обуките ќе им биде овозможена едномесечна пракса во компанија или граѓанска организација,

Сите учесници на програмата ќе имаат еднаква
шанса да бидат избрани директно од самите компании и организации, врз основа на
нивните обрзовни и професионални профили, како и врз основа на нивниот напредок
во текот на обуките.

Преку вклучување во Училиште за животни вештини ќе имаш можност да:

Како да станеш дел од Училиште за животни вештини?


Едноставно!

Пополни го формуларот на следниов линк најдоцна до 06 септември. По пополнувањето на формуларот ќе те исконтактираме за да ја потврди твојата апликација и да ти даде инструкции за следните чекори.


Што опфаќа програмата на Училиште за животни вештини?


Програмата за животни вештини, во рамки на Училиште за животни вештини претставува серија обуки, поделени во шест модули и тоа:

За да стекнеш некоја вештини во животот треба да бидеш отворен за учење.

Оваа програма ќе те научи како да стекнуваш вештини во текот на твојот живот.

Програмата ќе ти овозможи да ја подобриш комуникацијата со луѓето во твоето опкружување.

Да бидеш подобар презентер и говорник во јавност и во деловната средина.

CV немаш или го правиш набрзина, а мотивациското писмо го „крадеш” од интернет зошто не знаеш како да го направиш? На интервју за работа не си бил или не знаеш како да се подготвиш?

Програмата ќе те подготви во секој момент да бидеш спремен за да аплицираш за работа.

Дома сме тим, во училиште/ на факултет сме тим, на работа сме тим. Знаеме ли да се носиме со тоа?

Ќе ја пронајдеш својата улога во тимот. Ќе знаеш што е тимска динамика. Ќе бидеш подобар тимски играч.

Конфликтите се факт во нашиот живот. Бегаш од нив бидејќи ти влијаат негативно или ќе ги трансформираш за да одиш напред?

Времето е единствениот бесплатен ресурс кој го имаме на располагање. Научи како да го цениш и користиш!

Сметаш дека не си креативен? Програмата ќе те научи да погледнеш на проблемите низ нови перспективи и да створиш нешто оригинално.

Дополнително, ќе се стекнеш со вештини за рационализација, анализа и проценка на информациите и критички да размислуваш.


Кога ќе се одржува програмата?


Сите модули во рамки на програмата ќе се спроведат во текот на месец септември. Еден модул ќе биде со времетраење од два дена од по 4 активни часа на обука. Поради моменталната состојба поврзана со ширењето на вирусот COVID-19, обуките во рамки на програмата „Училиште за животни вештини“ ќе се спроведуваат он-лајн, преку платформи за аудио-визуелна комуникација.

По завршувањето на модулите, ќе следи едномесечна пракса во текот на месец октомври.

Што велат досегашните учесници на програмата?