28 октомври 2020
ТЦЦ Гранд Плаза
12.00 – 16.00

Формалниот образовен систем, нуди лимитарани можности за стекнување на животни вештини кај учениците и нивен кариерен развој. Моментално со 56,4%, средното образование содржи најголем број на млади луѓе кои се во образовен процес. Сепак, само 22% од младите имаат успешна транзиција од училиште на работното место.

Главните причини за ова се недостатокот на вештини кои се стекнуваат надвор од формалниот образовен систем, како и недостатокот на внимание кон учениците во однос на нивното градење како личности и стекнувањето на вешштини.

Во рамки на проектот „Училиште за животни вештини“, организираме конференција на тема „Унапредување на животните вештини во образовниот систем“, која ќе се одржи на 28 октомври 2020 година, со почеток од 12.00 часот, во хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје.

Конференцијата има за цел да го актуелизира прашањето за унапредување на можностите за стекнување на животни вештини, во рамки на формално- образовниот систем во нашата земја. На конференцијата, претставници од граѓанскиот сектор, образовни институции, претставници на бизнис заедницата, претставници на релевантни институции, средношколци и студенти ќе говорат за важноста од интеграција на животните вештини во наставните програми, особено во средните училишта. Дополнително, преку методологија на работни групи присутните ќе имаат можност да креираат и дадат препораки за унапредување на формалниот образовен систем и намалување на диспропорцијата на младиот образовен кадар и потребите на пазарот на трудот кои ќе бидат дел од документот за политики.

Настанот е отворен за сите претставници на релевантни институции, граѓански организации, меѓународни институции и индивидуалци кои поседуваат искуство во наведената област.

Секој учесник на настанот ќе има можност да учествува на панел дискусија, и како и учество на работни групи за генерирање на препораки за унапредување на формалниот образовен систем и намалување на диспропорцијата на младиот образовен кадар и потребите на пазарот на трудот

Доколку сте заинтересирани, потребно е да се регистрирате на следниот ЛИНК

Конференцијата е финансиски поддржан во рамки на регионалната програма Web4YES (Western Balkan Civil Society Organisations for Youth Employment Support),  која е финансиски поддржана од Европската комисија.