9 чекори до квалитетен Еразмус+ проект.

9 чекори до квалитетен Еразмус+ проект.

Сезоната на Еразмус+ може да започне! Пред неколку недели конечно ја добивме информацијата дека новата Еразмус+ програма започнува со објавувањето на новиот ВОДИЧ за 2021-2027 и првите рокови за аплицирање кои истекуваат на 10 мај 2021 година.

Новата програма има повеќе средства и можности за аплицирање и е особено интересна и привлечна за основни и средни училишта но и за универзитетите.

Но, што е потребно да направиме за да напишеме успешна апликација во услови на зголемена популарност на програмата и зголемена конкуренција?

Подолу споделуваме 9 конкретни насоки за поднесување на поквалитетни проектни апликации во рамки на Еразмус+ програмата.

 

Водичот е обемен, но ги содржи сите информирации кои ќе ви помогнат при пишување и тоа од: целите и приоритетите на програмата, приоритетите на конкретната акција за која што аплицирате како критериумите за аплицирање.

 

Националните агенции во секоја земја можно е да објават свои национални приоритети. Пред да аплицирате проверете на веб-страната на агенцијата во која што аплицирате дали истите постојат.

 

Новиот Еразмус+ водич се повикува на многу стратегии, документи и директиви донесени во рамки на Европската унија. Не заборавајте да направите поврзаност со релевантниот документ за вашата акција.

 

Квалитетот на партнерството е еден од клучните критериуми! Затоа, бирајте партнери кои се поврзани со темата на која ви е акцијата и кои потоа ќе придонесат во нејзиното реализирање.

 

Добро претставена потреба и проблем е патот кон половина решение. Претставете ја јасно потребата и користете докази и истражувања за да ја покажете нејзината релевантност.

 

Секоја секција во апликацијата содржи по неколку прашања, на кои треба конректно да се осврнете. Бидете директни и конкретни.

 

Секциите кои доаѓаат на крајот, често знаат да бидат заборавени или „протрчани”. Но овие три секции се многу важни за квалитетна апликација и за тоа да покажете какво ќе биде влијанието и видливоста на вашиот проект.

 

Тоа што ние сакаме да го напишете, не значи дека ќе биде исто така прочитано. Заради тоа, добро е апликацијата да ја прочита некој со “други очи” и да ви даде соодветен фидбек.