ПАКЕТ ОБУКИ ЗА НАСТАВНИЦИ: Инвестирај во себе!

Почетна - ПАКЕТ ОБУКИ ЗА НАСТАВНИЦИ: Инвестирај во себе!
Oct 6, 2021

ПАКЕТ ОБУКИ ЗА НАСТАВНИЦИ: Инвестирај во себе!

alt

Замисли го идеалниот наставник кој еден просечен училиштен час спроведува по наставна програма која се базира на интеракција, а учениците се мотивирани да учат. Тој/таа не е само предавач на лекција туку и ментор кој континуирано го поттикнува личниот развој на своите ученици, , и притоа стекнува дополнителни животни, професионални и социјални вештини.

Дали знаеш дека токму ти, со мала помош од наша страна, можеш да придонесеш за ваквата идеална состојба? Преземи иницијатива, аплицирај за некоја од следните обуки кои ќе се одржат он-лајн преку платформата ЗУМ и инвестирај во твојот професионален развој!

alt

Аплицирањето на донаторски проекти претставува можност за училиштата да генерираат дополнителни средства кои ќе ги инвестираат во професионален развој на наставниците, но и во креирање можности за учениците да го унапредат нивниот личен, социјален и професионален развој, како и да стекнат животни искуства.

Обуката за подготовка на проектни апликации претставува процес преку кој учесниците ќе стекнат вештини за пишување на проектни апликации за повици за проекти од национални и меѓународни донатори, достапни за основни и средни училишта.

Што ќе стекнам преку обуката?

alt

alt

alt

alt

alt

alt

Помеѓу секоја обука, наставниците ќе работат на подготовка на проектна апликација, аплицирајќи го стекнатото знаење преку обуките. На крајот на обуката, секој учесник ќе има припремена проектна апликација, подготвена за поднесување на повик за донаторски проекти.

Цена на обуката: 4000 денари за тридневна обука

Можности за попуст:

alt

alt

alt

Период на одржување на обуката: 02.11., 16.11. и 25.11.2021 година

alt

Високиот степен на мотивираност на учениците за следење и учество во наставата е предуслов за максимизирање на ефективноста на часот и степенот на стекнато знаење кај ученциите.

Оваа практично применлива обука ќе им понуди на наставниците конкретни алатки и техники за спроведување на интерактивна настава и зголемување на мотивацијата на учениците да земат активно учество во наставата.

Што ќе стекнам преку обуката?

alt

alt

alt

alt

alt

Цена на обуката: 2000 денари за дводневна обука

Можности за попуст:

alt

alt

alt

Период на одржување на обуката: 09.11. и 18.11.2021 година

alt

Промените на генерациите на ученици и нивните стилови на учење налагаат и промена и унапредување на пристапот на наставниците за време на часовите.

Трансформирај се од просечен наставник кој користи фронтален, едностран пристап за спроведување на часот во наставник кој фасилитира процес на учење и користи менторски пристап во работата со своите ученици, преку оваа тридневна обука за зајакнување на вештините на наставниците за работа со групи на ученици и спроведување на процеси за нивен развој.

Што ќе стекнам преку обуката?

alt

alt

alt

alt

alt

alt

Цена на обуката: 3000 денари за тридневна обука

Можности за попуст:

alt

alt

alt

Период на одржување на обуката: 11.11., 23.11 и 03.12.2021 година

ШТО ВЕЛАТ ЗА НАС

alt

КАКО ДА АПЛИЦИРАШ ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКИТЕ

Сите заинтересирани наставници од основно и средно училиште можат да аплицираат за учество на обуките со пополновуање на апликациската форма која се наоѓа на СЛЕДНИОВ ЛИНК, најдоцна до 24.10.2021 година. Наставниците можат да аплицираат за учество на една или на повеќе од понудените обуки. По завршување на рокот за аплицирање, селектираните наставници ќе добијат информации за плаќање на котизацијата за учество на обуките, ќе добијат информации и материјали за обуките, како и линк за пристап до истите.

ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ

Доколку не си задоволен/на од квалитетот на обуките и стекнатото значење преку истите, котизацијата уплатена за учество на обуките ќе ти биде вратена во целост, на твое барање до организаторите, но под услов да имаш активно учествувано во сите сесии предвидени со обуката.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Ул.Охридска 39/10, 1000 Скопје
© Copyright 2021. All Right Reserved By LEAD