Повик за преведувач на водич за групно финансирање

Здружението Лидери за едукација, активизам и развој објавува јавен повик за преведувач, од Македонски на Англиски јазик, на водич за групно финансирање на проекти (crowdfunding).

Водичот е дел од проектот “Одржливост преку алтернативни начини на финансирање” реализиран од Фондација Метаморфозис и финансиски поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Избраното лице ќе биде обврзано да изврши превод на публикација од 35 страни, од Македонски на Англиски јазик и е должно да го достави во електронска верзија, не подоцна од 15.03.2017 година.

Здружение ЛЕАД се обврзува на вршителот на делото да му исплати сума во нето износ од 100 евра, во денарска противвредност.

Сите заинтересирани се должни да ја достават својата финансиска понуда, најдоцна до 30.01.2017 година на следнава е-маил адреса: info@lead.org.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *