LEAD е во потрага по млад/а LEAD-ер/ка

Untitled-2-01

Бараме човек кој:

  • Нема да чека да му дадеме да работи
  • Ќе сака да учи и да се развива
  • Нема да чека да дојде 16.00ч и да “фати џаде”
  • Размислува “out of the box”
  • Знае или сака да научи како се пишуваат и имплементираат проекти
  • Ги прифаќа и учи од своите грешки
  • Сам се грижи за својот личен развој без да очекува да добие знаење од другите
  • Има волонтирано или работено во граѓанска организација
  • Ќе вложи барем 5 часа дневно, за остварување на визијата на LEAD
  • Работи за идеи, а не само за пари

Што нудиме за возврат:

  • Средина која помага и поддржува
  • Флексибилност во работата и задачите
  • Знаење…многу знаење
  • Простор за личен и професионален раст
  • Простор за работа, некогаш од канцеларија, некогаш од кафиќ, некогаш од парк
  • Финансиски надомест

Аплицирај! Како?

Ти избери го начинот како што сметаш дека најдобро ќе се претставиш.

Рокот за аплицирање е до 15 август (16.00ч) со испраќање на твојата апликација на – info@lead.org.mk

По истекување на рокот, избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.