Кариерата е повеќе од работното место – таа е низа од активности на твојот личен развој, искуства и животни избори. Кариерата, покрај работа, ги вклучува сите активности на учење, стекнување нови вештини, истражување можности и градење на професионална мрежа.
Кариерата не започнува кога ќе се вработиш, туку уште од моментот кога започнуваш да размислуваш за својата иднина и да носиш одлуки поврзани со образованието, интересите и целите.
Не постои „совршен“ кариерен пат – најважно е да го градиш својот соодветно на твоите вредности, способности и интереси. Твојот пат е уникатен, не може да се копира од други.
Кариерата е динамична – ќе се менува со текот на времето, а ти треба да бидеш флексибилен/а и подготвен/а да се прилагодиш на нови можности. Низ животот многу често ќе имаш прилика да носиш одлуки да правиш избори кои ќе го потврдат или ќе го променат твојот кариерен пат. Можеби за 10 години од денес ќе сакаш да работиш нешто сосема друго, и тоа е потполно ОК!
Важно! Кариерата не се избира само еднаш – секоја одлука што ја носиш денес е само еден чекор кон иднината што ја создаваш.
Планирањето на кариерата е се состои од носење одлуки и правење избори за она што е најсоодветно за нас. Тоа е процес што бара свесност, истражување и донесување информирани одлуки. Ова не е нешто што се случува автоматски или само еднаш во животот. Напротив, секојпат кога ќе се најдеш во кариерна транзиција – кога треба да избереш насока, да донесеш одлука за образование, или да се префрлиш од едно работно искуство на друго – ќе поминуваш низ исти клучни чекори. Овој процес ти помага да ги анализираш своите можности, да ја намалиш неизвесноста и да направиш избор што ќе одговара на твоите уникатни вредности вредности и амбиции.
Нашите кариерни одлуки често се под влијание на родители, другари, наставници, медиуми и очекувањата на општеството, но важно е да сфатиш дека на крајот ти си тој/таа што треба да одлучи. Само ти можеш да знаеш што навистина те исполнува, каде се твоите најголеми потенцијали и како сакаш да ја градиш својата иднина.
Особено критична транзиција е моментот кога завршуваш средно училиште и треба да одлучиш дали ќе продолжиш со високо образование или ќе бараш работа.Одлуките што ќе ги донесеш сега може да имаат битно влијание врз твојата идна кариера, но запомни – иако се важна, не е конечни за цел живот. Секогаш има простор за учење, преквалификација и нови можности.
Постојат четири неизоставни чекори што треба да ги поминуваш секогаш кога носиш важна кариерна одлука. Погледни ги чекорите во менито.