ЧЕКОР 1
Секој човек постојано се менува под влијание на искуствата. Промените се особено интензивни во овој период од твојот живот кога најмногу учиш и истражуваш. За да донесеш добра кариерна одлука, прво треба да се запознаеш себеси – кој навистина си ти денес, бидејќи никогаш не си истиот како минатиот месец или година.
  • Размислувај за своите интереси, вредности, способности и лични карактеристики. Најдобрата кариерна одлука се крие во пресекот на сите овие твои 4 преференци. За успешно да го спроведеш првиот чекор, потребно е со сигурност да одговориш на сите 4 од следниве прашања:
1. Вредности – Што ми е важно?
2. Интереси – Што сакам да правам?
3. Лични карактеристики – Како влегувам во интеракција со светот околу мене? Како ме гледаат другите?
4. Способности – Што можам/знам да правам? Во што сум добар/а?
Можеш да си помогнеш со некои јавно достапни тестови, но запомни (!): толкувањето на резултатите бара стручна помош (кариерен советник). Немој никогаш да донесуваш одлука на основа на само еден или два теста, тоа може да те однесе во погрешна насока!
  • Направи листа на активности што те прават среќен/а и продуктивен/а.
  • Разговарај со блиски луѓе за нивното мислење за твоите силни страни.
БЕЛЕШКИ: