Здружението Лидери за едукација, активизам и развој објавува повик за маркетинг експерт за да ги усоврши и подобри маркетинг стратегијата и пристапот до нови корисници. Ние сме организација која развива едукациски искуства за млади, луѓе кои работат со млади луѓе, но и образовни институции (училишта и универзитети пред се). Програмите се насочени да поттикнат личен развој, активизам, учество во донесување на одлуки, но и одржливост. Во изминатите 3 години организацијата има одличен и стабилен раст и опфатот со програмите е преку 2000 млади луѓе, преку 500 наставници и младински работници, и преку 70 средни и основни училишта.
Нашите активности во најголема мера се финансираат од донаторски грантови, и како организација најмногу зависиме од приходи кои се генерираат од проекти за кои аплицираме со проектни идеи.
Но, во изминатите 4 години приходите поврзани со услугите кои ги нудиме контитнуирано растат (во просек 5% до 10% на годишно ниво). Таквите приходи ни озвоможуваат да креираме нови програми кон нашите корисници и таргет групи, и ја зајакнуваат нашата одржливост.
Затоа, потребен ни е човек или компанија кој/а ќе го подобри нашиот потенцијал за маркетирање на услугите кои ги имаме.
Нашата цел е ефективно да ги промовираме нашите постоечки образовни програми и понуди, како Клуб на наставници и но и приспособените услуги за обука за раст и развој на индивидуи и организации.
Понуда 1 || Понуда 2 || Понуда 3
Сите понуди за услуги кои ги креираме како организација се value-based услуги кои се поврзани со нашата визија и мисија и придонесуваат за раст, развој и одржливост.
Сите понуди за услуги кои ги креираме како организација се value-based услуги кои се поврзани со нашата визија и мисија и придонесуваат за раст, развој и одржливост.
Цел на консултантството:
Експертот за маркетинг ќе развие сеопфатен маркетинг план кој има за цел да го прошири нашиот досег и влијание во рамките на нашите таргет групи и корисници. Овој план ќе вклучува стратегија за промовирање на моменталните понуди кои ги има организацијата, со што ќе се осигури дека тие се добро позиционирани за привлекување и задржување на учесници.
Опсег на работа:
Специфични работни резултати:
Времетраење:
Ангажманот се очекува да трае 2 месеци, и тоа почнувајќи од 15.08 до 15.10 со вкупно 10 работни дена.
Критериуми за избор:
Процес на аплицирање:
Се молат заинтересираните кандидати да го достават следново:
Краен рок за поднесување на понудите е 15 јули 2024 година. Документите треба да се испратат на следната e-mail адреса: nvolead@gmail.com со назнака „Апликација за маркетинг експерт_Име и презиме“
Оваа активност се спродува во рамки на проектот „LEADing Forward: зајакнување на капацитетите за одржлив развој“. Проектот е поддржан со оперативен грант на регионалниот проект СМАРТ Балкан - Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка