ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Circular Economy Hot Spots

Почетна - ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Circular Economy Hot Spots
Aug 21, 2022

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Circular Economy Hot Spots

Circular Economy Host Spots (1).png

Имаш интерес и идеи за животната средина, циркуларната економија и претприемништво? Аплицирај да бидеш дел од меѓународен проект и да стекнеш практично искуство.

LEAD упатува повик за селекција на 4 млади луѓе на возраст од 15-23 години кои ќе учествуваат во проектот Circular Economy Hot Spots.

Целта на проектот е да ги поттикнеме младите луѓе да придонесат за животната средина преку концептот на циркуларна економија и претприемништво.

ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОЕКТОТ?

Преку проектот избраните учесниците ќе имаат можност да учествуваат на два меѓународни тренинга во текот на 2022 година но и да реализираат сопствена зелена локална иницијатива.

Деталните активности се следни:

1. Тренинг – Развивање на Green Entrepreneurial Objectives (GEO) 16-22 септември 2022 во Охрид

2. Тренинг – Рефлексија и развој на одржливи планови 07-13 декември 2022 во Италија

Во рамки на целиот проектот, тимот кој ќе биде селектиран од С.Македонија ќе биде поделен на 2 еднакви групи кои помеѓу секој тренинг ќе има за задача да реализира сопствена зелена локална иницијатива.

Учеството на тренинзите, како и реализацијата на иницијативите се задолжителни за сите селектирани учесници.

Покрај учесниците од Македонија, на сите активности ќе учествуваат и по 10 учесници од Италија и Франција.

НАЧИН НА АПЛИКАЦИЈА И СЕЛЕКЦИЈА

Право на аплицирање имаат млади на возраст од 15 до 23 години кои во моментов се дел од некои од средните училишта или се редовни студенти на некои од Универзитетите во С.Македонија.

Аплицирањето се врши со пополнување на следната АПЛИКАЦИСКА ФОРМА најдоцна до 31 август 2022 година.

Критериумите за селекција се следни:

  1. Разбирање на областа циркуларна економија – 10 поени
  2. Мотивација за учество – 10 поени
  3. Искуство/интерес/позадина со теми поврзани со животната средина – 10 поени
  4. Познавање на англиски јазик – 10 поени

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО И ТРОШОЦИ

Селектираните учесници ќе бидат известени најдоцна до 07 септември 2022 година.

Котизацијата за учество во целокупниот проект е 700 денари. Котизацијата ќе бидат уплатена еднократко по изборот на учесниците.

Сите трошоци поврзани со учеството на тренинзите, пат, сместување и храна се покриени од страна на проектот.

КАКО ЌЕ ТИ КОРИСТИ ПРОЕКТОТ?

Учеството на проектот ќе ти овозможи да:

  1. Се запознаеш повеќе со темата на Циркуларна економија

  2. Научиш повеќе за претприемништво и реализирање на одржливи проекти

  3. Влијаеш во твојата локална заедница

  4. Ги развиеш твоите интеркултурни вештини како и англискиот јазик

  5. Стекнеш практично искуство во реализација на зелените иницијативи

Сите учесниците кои ќе го комплетираат целокупниот проект ќе добијат сертификати за учество.

КОЈ ГО РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТОТ?

Проектот Circular Economy Hot Spots го реализираме во соработка со ЕдуАктив од Италија и Ride In од Гвадалупе.

Проектот е финансиран преку програмата Еразмус+

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD