80 наставници од 32 средни училишта се приклучија кон Клубот за наставниците на LEAD

Почетна - 80 наставници од 32 средни училишта се приклучија кон Клубот за наставниците на LEAD
Mar 18, 2021

80 наставници од 32 средни училишта се приклучија кон Клубот за наставниците на LEAD

Клуб за наставници: Инвестирам во себе! Наставниците се можеби една од групите кои понесоа најголем товар на себе во екот на целата криза поврзана со КОВИД-19.

Клуб за наставници: Инвестирам во себе!

Наставниците се можеби една од групите кои понесоа најголем товар на себе во екот на целата криза поврзана со КОВИД-19.

И покрај нискиот степен на дигитализација во образованието како и задоцнетите реакции од институциите во однос на нивната подготовка за далечинското учење, тие продолжуваат да го прават што најдобро знаат, да ги образуваат младите генерации.

Наставниците, како една од нашите главни таргет групи се вклучени во нашите проекти и активности повеќе од 4 години.

Но, нашиот предизвик беше како да создадеме долгорочна програма која ќе придонесе за личниот развој на наставниците, а ќе биде достапна и привлечна?

Па така, го создадовме Клубот за наставници – Инвестирам во себе! кој што беше отворен за секој наставник од средните училиште кои што сакаат да инвестираат да бидат подобри во тоа што го прават. Заинтересираноста беше исто така голема, при што добивме над 120 пријави, за на крај Клубот да биде сочинет од 80 наставници кои доаѓаат од 32 средни училишта од целата земја.

Што всушност претставува клубот?

Клубот е замислен како јадро од наставници кои сакаат да ги подобрат состојбите во образованието. Истиот нуди различни содржини низ текот на целата година и тоа:

  • Серија од 6 еднодневни обуки
  • Пристап до про-верзии на дигитални алатки
  • Пристап до база на ресурси и материјали
  • Можност за вмрежување и заедничко споделување на информации
  • Можност за вклучување во дополнителни активности и проекти

Преку овој блог, но и низ серија на следните блогови ќе се обидеме да доловиме каква вредност носи Клубот за наставниците и кое е нивното искуство во целата програма.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD