ИНТЕРВЈУ: Димитар Назифовски- Претседател на Младинската заедница на ОСУ „Св. Климент Охридски“- Охрид

Почетна - ИНТЕРВЈУ: Димитар Назифовски- Претседател на Младинската заедница на ОСУ „Св. Климент Охридски“- Охрид
Sep 11, 2022

ИНТЕРВЈУ: Димитар Назифовски- Претседател на Младинската заедница на ОСУ „Св. Климент Охридски“- Охрид

Најава средни училишта (2).png

1. На почеток, кажи ни кој е Димитар?

Добар ден, јас се викам Димитар Назифовски и сум ученик во 4та година во ОСУ "Св. Климент Охридски" - Охрид. Повеќе време волонтирам во невладини организации во мојот град, а оваа година бев избран за претседател на Младинската Заедница при нашата гимназија. Дете како и сите, но со пасија да останам активен во мојата околина.

2. Зошто вашите училишни заедници беа избрани како најГЛАСни?

Нашата ученичка заедница и покрај тоа што дејствуваше многу мал период, успеа да го исполни истиот со многу активности во кои беа вклучени нашите гимназијалци. Таа имаше различни полиња на дејствување како: хуманитарни акции, еко акции, активности од кулутрен и уметнички карактер, инфраструктурни активности со цел подобрување на околината во која учиме ... Нашата младинска заедница го крена својот глас, односно гласот на гимназијалците и мислам дека баш поради тоа бевме слушнати од организација каква што е Леад.

3. Велиме дека демократијата се вежба од мали нозе. Како тоа вие вежбате демократија во рамки на вашите училишни заедници?

Најчеста практика со која се вежба демократијата во училиштата е одбирањето на претседатели. Во нашето училиште секој ученик има право да гласа за кандидат кој во текот на цела година ќе го претставува неговиот клас пред професорите и Младинската Заедница. Исто така оваа година пуштивме повеќе предлози кои се разгледаа на наставнички совет и со тоа ние како ученици добивме право на глас и помеѓу професорите.

4. Кажете ни некоја интересна случка од состаноците или работењето на ученичките заедници?

После проектот најГЛАСни при враќањето во нашиот град, времето не беше во наша корист. Нашиот превоз (автобусот) не беше во исправна состојба и додека се вративме и ние и плакатот бевме изводенати. Поука - обезбеди сигурен превоз ако сакате да одите на проектот :)

5. Да се биде активен во училишната заедница често се разбира како губење време. Кои се придобивките да се биде активен за тебе?

Учествувањето во воншколски активности и волонтирање се најдобра алатка за да ја победиме пасивноста. Покрај тоа што добиваме многу искуства, ние ги развиваме нашите меки вештини кои ќе ни помогнат понатака во животот, запознаваме многу нови личности, се социјализираме со истите и заедно со одредени практики решаваме проблеми во заедницата. Сите овие ангажмани ме прават да се чувствувам исполнет и задоволен од самиот себе на крајот од денот.

6. Што би им порачал на училиштата што сакаат да аплицираат за најГЛАСни?

Досега ова беше едно од поинтересните искуства со кои сум се стекнал и ве охрабрувам и вие да се вклучите во работата на вашата младинска заедница. НАЈГЛАСНИ е проект во кој вреди да се учествува, во кој ќе запознаете врсници со исти цели и интереси кои ќе ја збогатат вашата ученичка заедница со уникатни и иновативни практики.

Наградата за ученичко учество најГЛАСни! ја доделуваат LEAD и Фондацијата Конрад Аденауер за ученичките заедници кои во текот на една учебна година придонесуваат за учество на учениците во донесување на одлуки во своите училишта.

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD